1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милановиќ: Оспорување идентитет и јазик е неморално

БГ
30 јуни 2021

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска од Загреб остро ги критикуваше изјавите на португалското претседателство во врска со македонскиот јазик. Скопје нема да се противи Албанија сама да продолжи кон ЕУ.

Nord-Mazedonien Skopje | Staatspräsident  - Stevo Pendarovski
Фотографија: Press Office of the President of the Republic of North Macedonia

Изјавите на португалските претставници пред крајот на претседавањето на Лисабон со ЕУ, се длабоко погрешни, оцени претседателот Стево Пендаровски. Тој на заедничка прес-конференција со хрватскиот колега Зоран Милановиќ во Загреб ги коментираше последните изјави од Лисабон кои предизвикаа шок во Скопје.

„Искрено жалам поради длабоко погрешните изјави кои ги поткопаа сите напори и одличниот и балансиран предлог со кој претходно излезе португалскиот министер за надворешни работи Да Силва“, рече Пендаровски.

„Од историчари кои се занимаваат со политика, полоши се само политичари кои се обидуваат да толкуваат историски епохи“, вели тој.

Реакциите се предизвикани од изјавата на државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш во однос на македонскиот јазик. Таа го нарече македонскиот јазик „северномакедонски“, и оцени дека „некогаш бил дел од бугарскиот јазик“. 

„Добрата вест е што португалското претседателство заврши, се надевам дека словенечкото претседателство ќе продолжи долж истата патека со полно уважување на виталните национални и државни интереси на двете страни, инаку не може да се дојде до договор“, рече Пендаровски.

Шефот на државата смета дека Северна Македонија нема морално право да бара Албанија да не се одвојува во процесот на проширување на ЕУ, доколку продолжи бугарската блокада.

„Доколку блокадата од Бугарија, не дај боже, продолжи со години ние немаме морално право да и го блокираме патот на Албанија кон ЕУ. Северна Македонија веќе со години го заслужува тоа, но ние нема да се противиме на одвојувањето на Албанија“, рече Пендаровски.

Оспорувањето идентитет и јазик е погрешно и неморалноФотографија: Getty Images/AFP/T. Schwarz

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ оцени дека изјавата на португалската министерка е „резултат на невнимателност“. Тој повлече аналогија меѓу бугарските барања и односите на неговата земја со соседите.

„Што би се случило кога Хрватска би го оспорувала бошњачкиот или црногорскиот јазик или идентитет? Тоа е погрешно и неморално“, рече Милановиќ.

„Кога ќе почнете да влегувате во интимниот простор на една држава тоа никогаш не завршува добро, посебно кога мотивите се ниски. Нема да кажам дека се ниски, туку опортунистички“, додаде хрватскиот претседател.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми