1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Медиуми

Пендаровски: Дојче веле промовира европски стандарди

11 јуни 2019

Дојче веле информира критично и одговорно, оцени денеска македонскиот претседател Стево Пендаровски на средбата со делегација на ДВ во Скопје.

DW-Delegation Gerda Meuer, Adelheid Feilcke und Boris Georgievski  bei dem mazedonischen Präsidenten, Stevo Pendarovski in Skopje
Фотографија: Kabinett Präsident Nord-Mazedonien

Македонскиот претседател Стево Пендаровски на средбата со програмската директорка на Дојче веле, Герда Мојер, главната уредничка на програмата за Европа, Аделхајд Фајлке и уредникот на ДВ на македонски, Борис Георгиевски, упати честитки до целиот тим на ДВ за „долгогодишната професионалност, критичен и одговорен пристап, во насока на точно, објективно и навремено информирање, притоа промовирајќи европски стандарди и недозволувајќи да бидат алатка за остварување на нечии одредени интереси, коишто се спротивни на основните новинарски принципи“.

Македонскиот претседател Стево Пендаровски во разговор со програмската директорка на ДВ, Герда МојерФотографија: Kabinett Präsident Nord-Mazedonien

„Со својата Програма на македонски јазик, Дојче Веле веќе пет децении придонесува во развојот и зајакнувањето на соработката меѓу Северна Македонија и Германија“, рече претседателот Стево Пендаровски, изразувајќи задоволство што ДВ, кое годинава одбележува 50 години од Програмата на македонски јазик и 66 години од своето формирање, „во континуитет и со аналитичност информира и едуцира за сите општествено-политички случувања во двете држави“.

На средбата беше потенцирана исклучителната важност на слободата на медиумите и клучната улога на новинарството во развојот на демократското општество и владеењето на правото.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми