1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Пендаровски: Засега нема потреба од вонредна состојба

БГ
16 март 2020

Советот за безбедност заклучил дека нема потреба од зголемувањето на нивото на мерките кои се преземаат против коронавирусот. Пендаровски не гледа проблем да се одложат изборите

Nord-Mazedonien | Coronavirus | Pressebilder Kabinett des Präsidenten | Sicherheitsrat
Фотографија: Kabinett des Präsidenten von Nord-Mazedonien

Советот за безбедност вечерва заклучи дека поставеноста на државата е соодветна, и адекватна на ризиците на кои е изложена од пандемијата на коронавирусот. Шефот на државата Стево Пендаровски по состанокот информираше дека засега нема потреба да се продлабочува или проширува кризната состојба која е прогласена во две општини поради Ковид-19.

„Не е потребно да избрзуваме со голо декларирање на некои состојби како вонредна или кризна состојба на цела територија, затоа што и според надлежниот министер за здравство тоа не е потребно во моментов“, рече Пендаровски.

Тој образложи дека за прогласување на вонредна состојба засега нема потреба, и второ, дека мора да се води сметка и за ограничените ресурси на државата, со оглед на проценката дека „кризата ќе трае“.

Пендаровски направи споредба и со состојбата во соседните држави во кои е веќе прогласена вонредна состојба и вели дека Северна Македонија во тој поглед прави дури и многу повеќе.

На сите присутни на состанокот кај Пендаровски им беше измерена температурата. Талат ЏафериФотографија: Kabinett des Präsidenten von Nord-Mazedonien

„Сосема е небитно како ќе ја наречеме состојбата. Ние ги надминуваме мерките кои се преземаат во околните држави кои веќе прогласија вонредна состојба.

Доколку се јави потреба, Владата може да го ограничи движењето на граѓаните и без прогласување вонредна состојба“, изјави Пендаровски.

Утре Пендаровски ќе им биде домаќин на политичките лидери на состанок на кој треба да се расправа за одложување на изборите на 12 април. Шефот на државата смета дека нема никакви пречки да се одложат изборите, а потсетува и дека мисијата на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР веќе најави заминување од земјата.

Претседателот апелираше до сите граѓани да не патуваат надвор од земјата и да ги почитуваат препораките на надлежните. Но тој им порача и на македонските државјани кои живеат во странство, во овој период, да избегнат враќање во татковината.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми