1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пендаровски за ДВ: Зеленото светло за преговори е сигурно

ЕМФ
25 јуни 2019

Прилично сме сигурни дека во септември германскиот Бундестаг ќе донесе одлука за датум за преговори, изјави за телевизија ДВ денеска во Берлин, македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Nord-Mazedonien Präsidentschaftskandidat Stevo Pendarovski
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска во Берлин имаше средба со својот германски колега Франк-Валтер Штајнмајер, по што гостуваше и во студиото на телевизија Дојче Веле.

Зборувајќи за шансите Северна Македонија наесен да добие зелено светло за датум за преговори, Пендаровски рече:

„Очекуваме стопроцентно дека ќе добиеме зелено светло. Знаете зошто? Затоа што во моментов ниту една влада од земјите членки на ЕУ не вели дека Северна Македонија не заслужува почеток на преговори за приклучување. Тоа е сто проценти сигурно. Имаме сигурност од нашите пријатели во Берлин, Германија, имаме јасна сигурност од Франција, и имаме, така да кажам јасност во ставот на Холандија и Данска. Тоа се некои од земјите кои имаа некакви забелешки минатата година, кога ЕУ дојде до заклучокот за носење одлука за Северна Македонија и Албанија наредниот јуни, по европските избори. Прилично сме сигурни дека во септември германскиот Бундестаг ќе ја донесе таа одлука и веднаш потоа во Брисел сите земји членки ќе гласаат за отворање преговори со нас.“

Пендаровски во интервјуто за ДВ-ТВ вели дека земјата не би сакала „да биде колатерална штета“ поради тоа што можеби некои земји кои биле примени во ЕУ во минатото немаат добри остварувања. „Ве молиме ценете нѐ според индивидуалните постигнувања“, нагласи македонскиот претседател.

Тој на прашањето дали смета дека Северна Македонија не е третирана фер од страна на ЕУ, меѓу другото одговара:

„Да, такво е чувството на луѓето. Сметаме дека тоа треба некако да се промени во наредните месеци, затоа што ни беше ветено... Верувајте ми, мене, и на многу луѓе од моето опкружување кои сега се на власт во Скопје им е тешко да им објаснат на луѓето дека се работи навистина само за техничко одлагање.“

Пендаровски во интервјуто зборува и за тоа што би се случило доколку земјата сепак наесен не добие датум за преговори. Неговите оценки, на англиски јазик, слушнете ги од видеото:

Интервју на Пендаровски за ДВ

05:37

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми