1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пендаровски нема против мало одложување на пописот

ДТЗ /ДВ
2 февруари 2021

Шефот на државата вечерва порача дека политичката поларизација ја уназадува државата и е најголема пречка за нејзиниот напредок. Вели дека пописот не може да се „штелува“

Nord-Mazedonien Skopje | Staatspräsident  - Stevo Pendarovski
Фотографија: Press Office of the President of the Republic of North Macedonia

„Политичката поларизација ја уназадува државата. Место да ги споиме сите потенцијали, ние ја растураме енергијата, една рака народ останавме во државата. (…) Проблем ли е да се одложи пописот, да не се повикува на бојкот, нека биде мај или јуни, но да си подадеме рака“, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за емисијата „Отворено“ на ТВ24. Евентуалното одложување, Пендаровски го става исклучиво во игра како можност за политичко помирување во земјата. 
Според него, небулозно е тврдењето дека можат да се штелуваат процентите на етничката застапеност на пописот. Ако воопшто е можно, тогаш поголема е шансата тоа да се случи доколку се прави електронски попис, а не од врата на врата како што се планира сега, смета шефот на државата.

 „Нашите датотеки ноторно се несигурни и не се пополнети со децении. Ако направиле саглам попис со новите технологии, можеме со мала политичка волја да ги исчистиме дури и за локалните избори гласачките листови“, рече Пендаровски.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми