1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Рамноправност

Пендаровски ја однесе малата Ембла на училиште

ДТЗ
7 февруари 2022

Ембла треба да се чувствува еднаква и добредојдена во училишните клупи и училишниот двор, вели претседателот. Тој им даде поддршка на нејзините родители да продолжат во борбата за заштита на нејзините права.

Nordmazedonien: Präsident Stevo Pendarovski besucht eine Familie mit einem Kind mit Down-Syndrom
Фотографија: Pres. Of North Macedonia

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја однесе малата Ембла во училиштето во Гостивар, каде таа минатата недела беше оставена сама да ја следи наставата, поради бојкот од страна на родителите на нејзините соученици. Тие преку петиција информираа дека нема да ги пуштат децата на настава поради „агресивност на ученичката Ембла“, која има Даунов синдром. Ваквиот потег предизвика лавина реакции во јавноста и ги крена институциите на нозе. 

Пендаровски вели дека прекрасната енергија на Ембла имал чест да ја почувствува денеска и во нејзиниот дом и во училиштето во Гостивар. За него се неприфатливи однесувањата на оние кои на кој било начин ги загрозуваат правата на децата, дотолку повеќе кога станува збор за деца со атипичен развој.

Пендаровски вели дека прекрасната енергија на Ембла имал чест да ја почувствува денеска и во нејзиниот дом и во училиштето во ГостиварФотографија: Pres. Of North Macedonia

„Децата со атипичен развој не само што треба да ги уживаат правата кои им следуваат, туку и да се чувствуваат еднакви и добредојдени во светот кој природно им припаѓа – училишните клупи и училишниот двор“, порача претседателот Пендаровски по посетата на Гостивар. Тој го посети и домот на 11-годишната Ембла, каде им даде поддршка на нејзините родители да продолжат во борбата за заштита на правата на децата со атипичен развој. 

„Тоа е наша обврска, како држава, но и како поединци, а клучниот елемент во оваа заедничка мисија е емпатијата. Таа ќе им помогне на децата како Ембла, но ќе ни помогне и нам, да научиме од нив како искрено да се радуваме, да споделуваме и да бидеме солидарни. Во ова општество сите сме еднакви“, вели Пендаровски. 

Тој ја поздрави брзата реакција на Народниот правобранител и одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација да отвори постапка за случајот со Ембла. Претседателот ја нагласи важноста од запазување на законските одредби на инклузија во образованието, потенцирајќи ја општествената одговорност особено кон ранливите групи. Пендаровски вели дека инклузивноста како стремеж, не треба да остане само декларативен, туку преку пракса да се користат потенцијалите на лицата со атипичен развој. Предрасудите во тој контекст, додаде тој, се главната пречка за изградба на еднакво и праведно општество за сите.
 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми