„Дојде време да ѝ се стави крај на тиранијата на Мадуро", изјави американскиот потпретседател Мајк Пенс во Мајами пред Венецуеланците во егзил. Владеењето на левичарскиот националист мора да „заврши - и тоа сега".
Реклама
„Ова не е време за дијалог", продолжи американскиот потпретседател Пенс. „Време е да се делува. На маса се сите опции “, истакна потпретседателотн на САД на собирот во Мајами. Советникот за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, Џон Болтон, на Твитер напишат дека САД се подготвени да обезбедат помош за луѓето од Венецуела, како што се лекови или додатоци во исхраната.
Самопрогласениот преоден претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо, за денеска ги повика своите поддржувачи на „најголеми демонстрации" во историјата на земјата. Протести се очекуваат не само во Венецуела, туку и во во САД, Шпанија, Перу, Мексико и Аргентина, каде живеат многу Венецуеланци. „Венецуелански браќа ширум светот, ние сме еден тим, ние сме една нација, ние сметаме на вас“, истакна Гуаидо во повикот до своите сонародници.
Може ли Мадуро и натаму да се потпира на војската?
Гуаидо положи свечена заклетва како преоден претседател на 23 јануари и отворено го предизвика Николас Мадуро. Социјалистичкиот шеф на државата сé уште може да смета на поддршката на моќната војска. Сепак, Гуаидо со денови се обидува да ги повлече воените сили на својастрана. Меѓу другото, тој им вети амнестија на војниците доколку го поддржат.
Кој е кој во кризата во Венецуела
Ситуацијата во јужноамериканската држава зоврива. Кои се клучните политички играчи и институции во кризата која се заканува да ескалира во граѓански судир? Повеќе во следнава галерија.
Фотографија: Getty Images/AFP/F. Parra
Хуан Гуаидо
35-годишниот политичар беше релативно непознат сѐ до преземањето на функцијата претседател на националното собранието, во кое мнозинство има опозицијата. Тој сега се самопрогласи за преоден претседател и го осуди владеењето на Мадуро како „нелегитимно". Гуаидо стаса до врвот на поделената опозиција откако клучните личности беа затворени, ставени во куќен притвор или ја напуштија земјата
Фотографија: Reuters/C. Garcia Rawlins
Николас Мадуро
Социјалистичкиот претседател владее со земјата откако во 2013 година извојува тесна победа на спорните избори по смртта на неговиот политички ментор Хуго Чавез. Мадуро ја консолидираше контролата врз клучните државни институции, вклучително и Врховниот суд, војската и државната нафтена компанија. Но економијата колабираше, граѓаните западнаа во сиромаштија, а милиони ја напуштија земјата.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Cubillos
Армијата на Венецуела
Првите луѓе на војската на Венецуела досега го поддржуваа Мадуро и покрај повиците на опозицијата војската да застане на страната на народот. Деновиве имаше мал бунт, а Гуаидо вети амнестија за војниците кои помогнале да се собори Мадуро. Тој, пак, работеше напорно за да ја придобие војската на своја страна, поставувајќи воени офицери на клучни владини позиции и во државната нафтена компанија.
Фотографија: picture-alliance/AP/R. Mazalan
Национално контра конститутивно собрание
Националното собрание во 2017 година е суспендирано од Врховниот суд под контрола на Мадуро и заменето со провладино конститутивно собрание чија цел е да го преработи уставот. Опозицијата ги бојкотираше изборите за конститутивното собрание во јули 2017 година, тврдејќи дека со ова илегално се узурпира моќта на законодавниот дом.
Фотографија: Getty Images/AFP/F. Parra
Граѓаните на Венецуела
Политичкиот раскол и острите поделби на два табора речиси како во огледало се отсликуваат и меѓу луѓето во Венецуела. Тензиите растат како во Каракс, така и во другите градови во земјата со оглед дека и приврзаниците и противниците на Мадуро излегуваат на улиците. Според наводите на невладините организации, во насилствата во земјата секојдневно има загинати и повредени.
Сега Гуаидо се обидува да собере уште повеќе поддржувачи и на меѓународната сцена. Откако беше признат за привремен претседател од страна на САД и голем број земји од Латинска Америка , групата на сојузници би можела да уште еднаш порасне во текот на викендот. Утре, имено истекува ултиматумот на неколку европски земји. Доколку Мадуро не распише слободни и фер избори, Германија, Франција, Шпанија, Португалија, Велика Британија, Холандија и Белгија сакаат да го признаат Гуаидо за легитимен преоден шеф на државата.