1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Пентагон: Киев добил борбени авиони

СН/агенции
20 април 2022

Претседателот Володимир Зеленски повторно апелираше до партнерите да ѝ испорачаат оружје на Украина. Според Пентагон, земјата веќе добила дополнителни борбени авиони Канада, пак најави испорака на тешка артилерија .

Борбени авиони од типот МИГ-29 на украинското воено воздухопловство
Борбени авиони од типот МИГ-29 на украинското воено воздухопловствоФотографија: Roman Pilipey/dpa/picture alliance

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина „веќе би ја завршила оваа војна“ доколку имала пристап до подобро оружје, со какво располага Русија.  Зеленски доцна синоќа изјави дека „во сите интервјуа и преговори со лидерите на демократскиот свет, неправедно е тоа што Украина сѐ уште е принудена да го бара она што нејзините партнери го складираат со години“.

Тој рече дека морална должност на овие земји е да помогнат во заштитата на слободата, да ги спасат животите на илјадници Украинци, доколку имаат оружје и муниција што и се потребни на Украина.

Украинскиот претседател Володимир ЗеленскиФотографија: Ukrainian Presidential Press Office/AP/dpa/picture alliance

Оружјето ќе спаси животи

Во своето дневно обраќање, Зеленски изјави дека ќе бидат спасени животите на илјадници луѓе доколку Украина го добие оружјето што и е ветено во наредните недели.

Во меѓувреме  американското министерство за одбрана, Украина добила борбени авиони и резервни делови за војната против Русија. Украина сега има „повеќе борбени авиони отколку пред две недели“, изјави за новинарите портпаролот на министерството Џон Кирби. „Тие добија дополнителни авиони и авионски делови“, додаде портпаролот на Пентагон, без да даде дополнителни детали за нивното потекло или дизајн.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од НАТО да испорача борбени авиони за да може земјата да се одбрани од супериорната руска авијација. Меѓу другото, имаше и размислувања за доставување на советските борбени авиони од типот МИГ-29, на кои се обучени украинските пилоти.

Неколку источноевропски држави имаат авиони МиГ-29. Меѓутоа, на почетокот на март, САД го отфрлија предлогот на Полска да се донесат полските воздухопловни авиони МиГ во американската база Рамштајн во Германија за испорака во Украина. Американското Министерство за одбрана објасни дека предавањето на борбениот авион на Украина од страна на НАТО може да биде сфатено од Русија како ескалација и затоа е премногу ризично.

Полска сакаше да ѝ испорача на Украина авиони МИГ-29, но САД беа противФотографија: Cuneyt Karadag/AA/picture alliance

Трудо најави испорака на артилерија

Според медиумите, САД подготвуваат уште еден пакет воена помош за Украина во вредност од 800 милиони долари. Телевизијата Си-Ен-ен, повикувајќи се на високи функционери во американската влада, објави дека деталите за новиот пакет помош сè уште се разработуваат. Според Пентагон, првите американски испораки од претходниот пакет воена помош од 800 милиони долари пристигнаа на украинската граница во неделата.

Канада сака да испрати уште тешко артилериско оружје во Украина. Ова е во согласност со барањето на претседателот Зеленски, рече премиерот Џастин Трудо. Деталите за оружјето и  трошоците за него треба да бидат објавени во наредните денови.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми