1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пепел во воздух, авионите на земја

16 април 2010

Вулканската пепел од Исланд и натаму масовно го попречува авионскиот сообраќај во Европа. Во северниот и западниот дел на стариот континент се‘ повеќе затворени аеродроми.

Покрај аеродромите во Велика Британија, кадешто забраната за летање е продолжена до вечерва до 20 часот по средноевропско време, сообраќајот не се одвива на се’ повеќе аеродроми во Франција и во Германија.

Откако синоќа беа затворени аеродромите на северот на Германија, од утрово затворени за сообраќај се и аеродромите во Диселдорф и во Келн, како и најголемиот меѓународен аеродром во Германија, во Франкфурт. Авионскиот сообраќај не се одвива ниту во скандинавските земји.

Преполни аеродромиФотографија: AP

Поради затворањето на аеродромите и откажувањето на летовите, голем број патници се заглавени на аеродромите. Само на лоноднскиот аеродром Хитроу дневно минуваат 180.000 патници.

Проблемите ќе траат до утре?

Европската контрола на воздушниот сообраќај очекува пречките во авионскиот сообраќај да траат до утре, но се’ зависи од тоа дали вулканот на Исланд ќе продолжи да испушта пепел. Во Исланд мораа да бидат евакуирани 800 луѓе од околината на глечерот, бидејќи ерупцијата на вулканот предизвика топење на ледот и поплави.

Автор : АТ/БГ/афп

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми