1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Перковиќ екстрадиран во Германија

Б. Георгиевски/ртр24 јануари 2014

Хрватска денеска го израчи поранешниот разузнавачки шеф, Јосип Перковиќ во Германија каде е обвинет дека го организирал убиството на хрватскиот дисидент Стјепан Ѓурековиќ во 1983. година

Фотографија: picture-alliance/dpa

Хрватските власти му ставија крај на екстрадицискиот спор со Германија, откако одлучија да го израчат поранешниот разнузнувач Јосип Перковиќ. Перковиќ, во придружба на германски полицајци, попладнево беше испратен со редовна линија од Загреб во Минхен, откако Уставниот суд на Хрватска, како последна инстанца, ја одби жалбата на неговиот адвокат.

Перковиќ беше уапсен во јануари годинава, откако хрватскиот парламент изгласа измени во Законот за екстрадиција, заедно со уште девет други лица. Меѓу уапсените беше и Здравко Мустач, исто така поранешен разузнавач на југословенската тајна служба кој германските власти го бараат за истото дело како и Перковиќ.

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ изјави дека треба да се почитува одлуката на судот и дека „приказната со Перковиќ е завршена“. Инаку советник за безбедност во кабинетот на Јосиповиќ е синот на Перковиќ, Саша.

Перковиќ бил висок функционер во службата за безбедност на поранешната СФРЈ, Удба, а на почетокот на 90. години бил еден од творците и на хрватската безбедносна служба.

Во интервју за ДВ дадено пред неколку дена, Перковиќ изјави дека немал никаква врска со убиството на дисидентот Ѓурековиќ во Минхен.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми