1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Петер Штрук во БиХ и Косово

22 март 2005

Германскиот министер за одбрана Петер Штрук, воочи посетата на Сараево и Приштина, ја повика меѓународната заедница брѕо да донесе одлука за конечниот статус на Косово. Топј денеска заминува за Призрен, откако вчера попладне разговараше со авторитетите од Босна и Херцеговина.

Петер Штрук
Петер ШтрукФотографија: AP

Германија и натаму ќе ги помага реформите во одбраната на Босна и Херцеговина и ќе го поддржи приближувањето на земјата во партнерството за мир,, изјави германскиот министер за одбрана Петер Штрук откако се сретна со својот колега од Босна и Херцеговина Никола Радовановиќ.

,, Ние се согласивме дека од голема корист за земјата би било, кога еден од воените злосторници, како на пример Ратко Младиќ, сам би се предал во Хаг. Тоа би било голема предност за членството на Би Х во партнерството за Мир,, рече Штрук.

Тој го посети и германскиот контингент во земјата што брои околу 1100 војници. Откако европскиоте сили ги заменија НАТО, ситуацијата во Босна и Херцеговина не е нималку влошена, констатираше Штрук.

,, Разговаравме дека кога станува збор за рефофмите, би можела да се разгледа можноста за намалување на бројот на силите на ЕУФОР во Би Х, најави германскиот министер, кој воочи посетата на Балканот, ја обраѕложи и ситуацијата на меѓународните војници на Косово.

,, Неприфатливо е застојот во донесувањето на политичките одлуки да се одвива преку грбот на војниците. На војниците смислата на акциите може да им се објасни само ако во покраината има политички напредок,, истакна Штрук.

Тој исто така нагласи дека долгорочно не може да се образложи воениот ангажман во Косово ако има српски енклави под заштита, а Албанците и Србите не се подготвени на заеднички живот. Германскиот министер , кој денеска заминува за Приѕрен, како добар сигнал го оцени доброволното предавање на Хашкиот Трибунал на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми