1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Петков: Бугарија има три јасни барања

ЕМФ | агенции
9 јуни 2022

Бугарскиот премиер Кирил Петков, по средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, изјави дека Софија има три јасни барања по прашањето на Северна Македонија.

Bulgarien Wirtschaftsminister Kiril Petkov
Фотографија: BGNES

Шефот на бугарската влада Кирил Петков денеска (9.06) во Софија изјави дека сака да појасни оти Бугарија има три јасни барања по прашањето на Северна Македонија: „Почитување на рамковната позиција што ја усвои бугарскиот Парламент, вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија за да се заштитат нивните права, и трето, да се спроведе Договорот за добрососедство“, изјави Петков по средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Според Петков, „едноставно и јасно“ тоа биле разговорите со еврокомесарот „и претходно и сега“. Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска денеска за БТВ изјави дека постојат белешки од средби на Петков со европски дипломати кои се класифицирани и се чуваат во министерството. На тие средби, пренесува БГНЕС, се разговарало како да се заобиколи ветото за Северна Македонија. БГНЕС потсетува на зборовите на Тошко Јорданов од Има таков народ, кој вели: „Ставете се на местото на дипломатите кои едно слушаат во разговорите со министерката Теодора Генчовска, а друго слушаат во другите разговори со претставници на премиерот, или дури и од него. Се правеше обид да се заобиколи коалицискиот договор и без практични гаранции за имплементација на договорот потпишан меѓу двете земји да се започне процесот на приклучување.“

Лидерот на партијата Има таков народ, Слави Трифонов вчера најави дека ја напушта владата на премиерот Кирил Петков поради неговите обиди да постигне компромис со Северна Македонија и поради тоа што „државата нема пари“. Тој го обвини премиерот дека во однос на спорот со Северна Македонија води друга надворешна политика, различна од таа на парламентот, Министерството за надворешни работи и од политиката декларирана од Консултативниот совет на претседателот Румен Радев.

- повеќе: Абрахам: Шолц мора силно да ја притисне Бугарија

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска во Софија оцени дека сѐ уште нема решение за спорот и оти тоа е многу фрустрирачко за ЕУ, бидејќи не може да продолжи пристапниот процес.

- повеќе: Влез во нова спирала на неизвесност со Бугарија

„Сè уште ја чекам поддршката од Бугарија и на тоа работиме со сите овие разговори што ги водев овде во Софија, а редовно и во Скопје, конечно да се разјасни и зајакне европската перспектива за Република Северна Македонија. Би сакале да видиме договорот да биде постигнат во јуни“, рече Вархеји.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми