1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Петков го предлага Василев за нов премиер на Бугарија

ЕМФ | агенции
1 јули 2022

Бугарскиот премиер во заминување Кирил Петков денеска соопшти дека неговата партија Продолжуваме со промената (ПП) ќе го предложи министерот за финансии Асен Василев за нов премиер на земјата.

Bulgarien PP Asen Vasilev Kiril Petkov
Асен Василев и Кирил ПетковФотографија: BGNES

Асен Василев ќе биде номиниран за премиер од страна на партијата Продолжуваме со промената на премиерот во заминување Кирил Петков. Петков денеска пред новинарите оцени дека Василев е „личност на која безусловно ѝ верувам“. Според Петков, тој е во еден тим заедно со Василев и со сите членови на неговата партија Продолжуваме со промената. „Заедно со сите коалициски партнери и сите наши истомисленици, време е да ги засукаме ракавите и да си ја завршиме работата“, рече Кирил Петков, а пренесува „Труд“.

Коалициската влада предводена од Продолжуваме со промената минатата недела ја загуби довербата од парламентот. Откако Социјалистите, кои се еден од коалициските партнери, рекоа дека нема да поддржат нова влада предводена од Кирил Петков, денеска ПП за нов премиер го номинира Василев. Социјалистите, кои традиционално се попријателски расположени кон Москва, соопштија дека се лути поради одлуката на Петков оваа недела да протера 70 членови на рускиот дипломатски персонал во земјата.

Останува нејасно дали номинацијата на Василев може да го отвори патот за разговори со популистичката партија Има таков народ, која се повлече од коалицијата овој месец, што би ѝ помогнало на ПП да стигне до мнозинство за нова влада.

- повеќе: Генчовска, Николов, Василев, Караџов - лавина оставки во бугарската влада

Продолжуваме со промената би требало да го добие мандатот за формирање нова влада од бугарскиот претседател Румен Радев во текот на попладнево. Партијата има рок од една недела да го спроведе мандатот или да му го врати назад на шефот на државата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми