Петок 13 - суеверие или навистина несреќен ден?
13 јули 2007
Д-р Ханс Јерг Хемингер, одговорен за светските идеолошки прашањата при евангелистичката црква во Виртенберг се обидува да даде одговор на прашањето дали петок 13 е навистина несреќен ден.
Ако се потсетиме дека на Тајната вечера на Исус Хрисусту присуствуваале 13 лица, а 13от беше Јуда, можно ли е оттаму да доаѓа верувањето дека овој број носи несреќа?
„Бројот 13 за кој се смета дека носи несреќа најверојатно токму поради ова и ја има таа судбина, но има и редица други објаснувања зошто 13ката важи за број кон носи несреќа.“
на пример „На пример дека 12, дузина секогаш важеше за добра бројка, 12 е и делив број, а 13 не може да се подели со друга бројка и затоа важел за одвишен. Во народното верување се вели дека 13 било дузина ѓаволи.“
Но токму ова поврзува на бројот 13 со несреќа и со ѓаволот, дали тоа е вообичаено и се наоѓа во христијанските предавања. Не вели д – р Хемингер „ Поврзувањето воопшто не е применливо, а верувањето не e ниту старо. Може да се реконструира до 1950 не повеќе. Но двете одвоени форми на суеверие 13 како број кој носи несреќа и петок како ден кој носи несреќа имаат подолга традиција. Поврзувањето потекнува од новинарски текст.“
Но да го оставиме суеверието настрана, дали досега никогаш не се потврдило дека на овој ден се случува повеќе несреќа „Ако се следат статистиките произлегува дека се случува исто толку колку и на секој друг ден во неделата. На пример на петок 13 се случуваат повеќе сообраќајни несреќи отколку вообичаено, но ако се погледне подобро секој петок се случуваат повеќе сообраќајни несреќи бидејќи тоа зависи од густината на сообраќајот, која вообичаено во петок е поголема.“ вели д – р Хемингер и укажува на ставот на многу социјолози во светот кои сметаат дека ако луѓето се уверени во нешто лошо така и ќе биде па било тоа петок 13 или не.
Дека верувањата се тесно повразни со традицијата покажува и фактот што петок кај старите Германи важел за среќен ден, бидејќи петок на германски Фрајтаг е изведен од именките Таг дер Фраја, односно бил ден на божицата на љубовта.