Петреус предложи повлекување на дел од силите во Ирак
11 септември 2007Реклама
Американскиот врховен командант во Ирак, генерал Дејвид Петреус, во извештајот пред Конгресот, предложи повлекување на 30.000 американски војници од Ирак до половината на 2008. Според Петреус мисијата на САД во Ирак е успешна. Сепак тој предупреди дека прераното повлекување на силите од теренот би било катастрофално. Ирачката влада го поздрави извештајот.