1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Петте (хорор) маскоти на ОИ

TAZ11 август 2008

Пет маскоти ги забавуваат присутните на Олимпијадата во Пекинг. Добро, не баш сите. Кинезите имаат добра причина да веруваат дека токму тие се виновни за лошата година низ која поминуваат.

За многумина слатки, за Кинезите опасниФотографија: DW / Alexander Freund

Бајбај е вистинска мала дама што живее во големата река Јангце. На Игрите ги претставува водените спортови. Но, Кинезите сметаат дека токму таа е виновна што јужниот дел од Кина годинава ја доживеа една од најголемите поплави во изминативе години. Паниката оди уште подалеку, постои страв дека поради маскотата годинава најголемата река во Кина, Јангце, може да се излее од коритото.

Хуанхуан треба да биде најголемата ѕвезда меѓу петорката. Го опишуваат како страстен, а ги застапува спортовите со топка. На главата носи црвена, огнена круна – олимпискиот факел. Кинезите сметаат дека токму Хуанхуан е причината што оваа година имаше толкави проблеми со олимпискиот оган. Активистите за човекови права во Париз успејаа во неколку наврати дури да го изгаснат. Среќа што уште не го потпалиле Хуанхуан.

Петте пријатели претставуваат по една од најбитните олимписки дисциплиниФотографија: dpa-Bildfunk

Џингџинг, всушност претставува најголемиот страв за Кинезите. Тој е панда, а пандите обично се сметаат за искрени и позитивни. На ОИ Џингџинг ги претставува борилачките спортови. Но, кинескиот регион каде живеат најмногу панди и од каде доаѓа Џингџинг, оваа година беше погоден од најкатастрофалниот земјотрес во последниве 30 години. Ниту неговите кунг-фу способности не можеа да се справат со природната катастрофа.

Нини е името на четвртиот член од овој хорор-состав, а Нини е ластовица. На прв поглед изгледа невино и мирољубиво и ја застапува гимнастиката. Сепак, Кинезите не мислат така. Имено, Нини на главата има змеј, а традиционалните кинески змејови се верува дека потекнуваат од провинцијата Вајфанг. Токму таму, на почетокот од годинава, се случи голема железничка несреќа, во која загинаа стотици патници. И мирољубивата Нини има крв на рацете.

Кинескиот уметник Хан Мелин, кој ги креираше маскотитеФотографија: AP

Јингјинг е машка тибетска антилопа од видот чиру. Како живо и темпераментно животно, тој ја претставува лесната атлетика. Но, чиру антилопите, кои живеат на Тибет, се пред истребување, а исто се чувствуваат и самите Тибетанци. Немирите во главниот град на Тибет, Лаза, беа само кулминација на редицата крвави протести во напорите за добивање на независност, не само на Тибетанците, туку и на Уигурите. Токму поради тибетското прашање централната влада на Кина мораше да се соочи со остри критики.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми