1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пет години од војната на Косово

10 јуни 2004

Демократските процеси на Косово се одвиваат бавно

Војници на КФОР во Косовска Митровица
Војници на КФОР во Косовска МитровицаФотографија: AP

На 10 Јуни 1999 година, генералниот секретар на НАТО Хавиер Солана, издаде наредба за прекинување на нападот врз Југославија. Ден порано, Белград, се согласи да ги повлече силите и ја прифати управата на ОН на Косово. Истиот ден, Советот за безбедност на ОН, со резолуцијата 1244, им го отвори патот за влез на силите на КФОР на Косово и воспоставување на управата на УНМИК. Со тоа истовремено се воспоставија претпоставки за слобода и почитување на човековите права, кои сеуште бавно и тешко се спроведуваат.

10 јуни, го означи се надеваме, крајот на последната војна на балканот во нашата ера. Српските сили и тенкови мораа да ја напуштат покраината, албанските борци можеа да се разоружаат, а 850 000 раселени можеа да се вратат во своите домови.

Што од тој ден се случувало во последниве 5 години? Под управа на ОН на Косово се формирани демократски структури, но сеуште е потребно формирање на една функционално способна демократија.

Повеќе од 100.000 Срби се протерани, исто како и десетици илјади припадници на неалбанските малцинства. Репресијата против неалбанците е секојдневние, а размерот со кој во март косовските албанци го изразија насилството против луѓето и културните добра, е застрашувачка.

Воспоставувањето на цивилниот живот се одвива многу бавно. Голем број деца можат безгрижно да одат на училиште, на полето на медиумите владее разнообразност, економијата додуша не заживува, а мафијашките структури, формирани уште од периодот на балканските војни и натаму егзистираат.

Управата на ОН, сега мора да пренесе повеќе одговорност на демократски избраната косовска влада. Во тој случај косоварите и нивните дела ќе можат да се оценуваат и по таа одговорност, но тоа за жал е само теоретска претпоставка.

Во случај УНМИК и да постапи храбро, албанската страна е онаа која сеуште не е зрела на таков чекор. Преставниците на косовските Албанци, се подготвени да превземат поголема одговорност само доколку тоа е поврзано со независноста на покраината.

Тоа има белег на класично уценување. Демократизација, почитување на човековите права, напредок во областа на економијата, да но само во замена независност. Но, кој меѓутоа може да гарантира дека во таков случај ќе престанат репресиите против Србите, дека сите неалбанци ќе се вратат во своите домови и дека организираниот криминал ќе се повлече за сметка на пазарната економија?

Тоа никој неможе да го гарантира, а доколку косовските Албанци и натаму сакаат отворена опција за независност, и натаму важи девизата, стандарди пред статусот. Односно, почитување на човековите права, борба против криминалот, соработка во отварање на економијата и тоа веднаш.

Само општество, во кое демократијата и човековите права како апсолутни вредности се бранат и спроведуваат, а не злоупотребуваат за политички цели, може да се надева, дека во Европа, ќе оснива независна државна заедница. Пред 5 години на Косово, се создадоа предуслови за слобода и почитување на човековите права, но веќе е крајно време косовските Албанци, тие вредности да ги спроведат на дело.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми