1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пецалникос нов премиер?

9 ноември 2011

Грчкиот премиер на заминување Јоргос Папандреу порача дека новата преодна влада ќе стори се’ за да ги исполни условите договорени на самитот на ЕУ и да остане во евро-зоната.

Filippos Petsalnikos 2002
Досегашниот претседател на парламентот, Филипос ПецалникосФотографија: picture alliance/dpa

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу во одложеното обраќање до нацијата порача дека партиите во земјата, и покрај големите разлики, соработуваат и прават се’ за да најдат излез од кризата. Така е постигнат и договор за создавање на нова влада. Кратко време пред излегувањето на Папандреу пред ТВ камерите, анонимен извор близок до двете големи партии посочи дека лидерите се договориле иден премиер да биде Филипос Пецалникос, досегашниот претседател на грчкиот парламент.

Премиерот Папандреу во обраќањето до нацијата поднесе и неотповиклива оставка на функцијата за да го отвори патот за нова, коалициска влада со опозициската Неа демократија. По обраќањето Папандреу се упати на разговори со претседателот на државата, каролос Папуљас.

Автор: ГЧ/ЗЈ/ртр/афп

Редактор: Горан Чутаноски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми