1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Печат: Идната влада на Ангела Меркел

18 октомври 2005

Составот на новата, широка германска влада, во која веќе се познати имињата на сите министри, е главна тема во денешниот германски печат.

Ангела Меркел
Ангела МеркелФотографија: AP

Идната германска канцеларка, Ангела Меркел, именуваше министри од редовите на партиите на Унијата ЦДУ и ЦСУ. Со тоа се комплетираше новата германска влада, бидејќи Социојалдемократите своите кандидати ги именуваа уште минатата недела.

Ди Велт, изборот на политичарите во идната германска коалициска влада го коментира со следните зборови:

,, Владата сега е комплетна. Прагматична, неидеолошка , можеби донекаде бледа и со неколкумина поединци кои можат да се вбројат во редивите на слободните стрелци. Тоа е првиот впечаток за кабинетот а чие чело ќе биде Ангела Меркел. Може ли оваа влада да биде нешто повеќе од канцеларија за посредување во која бескрајно ќе се распорава за секој детаљ од претстојните реформи? По извонредно тешкиот почеток, шансите сега се нешто поголеми,“ коментира Ди Велт.

Келнер Штатајнцајгер, пак, бележи:

,, Кабинетот не е место за галење. Поради тоа никој не треба да ја жали Ангела Меркел , иако на министерските столчиња од ЦДУ и ЦСУ исто така седат и такви кои лично и се спротивставуваат. И онака, заедно со другата половина од членовите на Социјалдемократите во кабинетот на идната влада, ќе седат многу повеќе прагматичари и ветропири., наведува коментаторот на Келнер Анцајгер.

Неговиот колега од Ханделсблат пак, смета дека позициите на Ангела Меркел се зајакнати:

,, На врвот на своите кариери германските канцелари отсекогаш биле моќни исто онолку колку што се директно избраните претседатели на САД или Франција. Меркел напредува во тој правец. Франц Минтерферинг и Едмунд Штојбер се на чело на министерствата задолжени за реформи, па тие, од лични амбиции ќе сакаат да постигнат што повеќе, а со тоа ќе придонесат и за успешната работа на владата. Овие двајца министри не можат да и се спротивстават на Меркел. Напротив, тие ќе мораат да спроведуваат политика чиј правец ќе го одредува идната канцеларка,, наведува Ханделсблат.

Берлинер тагесцајтунг, пак, го анализира политичкиот стил на Ангекла Меркел:

,, Таа, пишува весникот, спаѓа во политичките фигури, малубројни меѓу политичарите. Способна е да издржи и ниски удари и да се бори сама против сите, како и своите соперници да ги пренасочи едни наспроти други. Нејзините противници во споствените редови секогаш би отстапиле кога би се повел разговор околу нејзина смена. Таквите постапки ќе бидат приметни и во наредниот период. Освен тоа, авторитетот на Меркел расте,, заклучува Берлинер тагесцајтунг.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми