1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пејачката со брада и‘ пркоси на конзервативна Европа

Јаков Леон/ Жана Ацеска9 мај 2014

Евросонг во Копенхаген протекува во знак на бројни изненадувања. За некои тие се пријатни, за некои непријатни, за некои „историски“. Македонија со претставничката Тијана Дапчевиќ се прости од финалната вечер.

Фотографија: ESC

„Не ми паѓа на памет да се избричам. Јас не сум жена, дома сум всушност еден мрзлив маж. Ликот кој го толкувам е наменски осмислен.Сака само да покажам дека се‘ е можно, кога верувате во нешто“, изјави Кончита Вурст, една од синоќа избраните финалисти на втората полуфинална вечер на изборот за песна на Евровизија.

Откако постојат две евровизиски полуфиналиња (2005. година), Австрија нема многу среќа со своите претставници. Но, и оние на кои им успеа влез во финалето, не се прославија многу. Овојпат тоа би можело да се промени. . Најголемо внимание од сите учесници во секој случај привлекува 25-годишниот Томас Нојвирт, кој за себе вели дека е полово неутрален.

Словенечката претставничка оди во финалеФотографија: ESC

Кончита: Нема да ја избричам брадата

Травеститот од Виена, родум од Гмунден, не е ни прв, а сигурно ни последен припадник на ЛПБТ заедницата меѓу евровизиските учесници. Сепак, одамна не се дигнала толкава прашина како околу настапот на беспрекорно нашминканиот маж во долг фустан. Белорусија покрена петиција со барање за прекин на евровизискиот пренос во текот на неговиот настап, што и покрај бројни шпекулаци, сепак не се случи. Од Москва пак стигнуваа коментари дека „австрискиот перверзник ги навредува Русите“. Сепак, сето тоа беше залудно, зашто Томас на крајот влезе и во финалето, а навредите од истокот на Европа не го допираат.

Во финалето, кое ќе биде одржано на 10 мај, влегоа и Словенците, потврдувајќи дека поддршката од соседството не е неопходна за да се оствари добар резултат. Постои теза дека Сергеј Четковиќ од Црна Гора и Тинкара Ковач (пејачка и авторка со значајно евровизиско искуство) во финалето ги внесе дијаспората, која, без разлика од кои краишта на бивша Југославија, немаше за кого друг да гласа. Дури и да има логика во тоа, не треба да се заборави дека за судбината на натпреварувачите одлучува и стручното жири, а во него нема многу музичари и луѓе од светот на забавата кои се наклонети кон Западен Балкан.

„Чувството е чудно, тешко е да се опише. Но, кога излегов на сцената, имав впечаток дека цела Словенија е зад мене. Ние сме мала земја со само два милиона луѓе“, изјави Тинкара Ковач, која не се одделува од својата флејта, нарекувајќи ја во речиси секое интервју своја трета рака.

Фотографија: ESC

Пеењето на мајчин јазик подобро поминува?

Покрај фактот дека во музичката индустрија денес нема многу живи инструменти како флејта, не треба да се пренебрегне податокот дека и Словенија, како и Црна Гора, која на првата финална вечер избори влез во финалето, се одлучи за верзија на песна на мајчин јазик. („Сплетот“ од Тинкара додуша во рефренот беше на англиски јазик). Можеби токму тоа беше причината што Тијана Дапчевиќ, која оваа година ја претставуваше Македонија, остана со кратки ракави(To The Sky). Влезот во финалето на сите три земји од просторот на бивша Југославија, колку што годинава учествуваат на Евровизија во Копенхаген, би бил вонсериско изненадување. Иако, неизбежно се наметнува впечаток дека изгледа беше неопходно да се повлечат многу подоминантните, Србија, Хрватска и БиХ, па за промена барем Словенците и Црногорците да дојдат до израз.

Освен Австрија и Словенија, настап во финалето на втората полуфинална вечер обезбедија и Грција, Швајцарија, Полска, Романија, Норвешка, Малта, Белорусија и Финска.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми