1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пилотите на Луфтханза повторно во штрајк

ДВ/бг7 септември 2015

Пилотите на Луфтханза утре, 8 септември, повторно ќе штрајкуваат. Во прв ред погодени ќе бидат транспортните летови. Штрајкот ќе трае до полноќ, па поради тоа компанијата ќе воведе вонредни линии.

Фотографија: picture-alliance/dpa/v. Erichsen

Новиот, 13. по ред, штрајк на пилотите делумно ќе ги зафати и летните одмори во Германија. Сепак, во Луфтханза се сигурни дека со помош на вонреден план и прераспределба ќе успеат да ги пренесат сите клиенти на саканите дестинации.

Тарифниот конфликт трае веќе една и пол година, а летоска двете страни делумно се приближија. Но, изминативе недели дојде до нови недоразбирања. Критична точка сега е префрлање на работни места во странство.

Целото видео погледнете го тука:

Пилотите на Луфтханза повторно во штрајк

01:22

This browser does not support the video element.

Притоа се работи за основните права, затоа што Луфтханза сака да ги намали трошоците за персоналот.

Во најголемата германска авиокомпанија тие изнесуваат околу 23 отсто од вкупните трошоци.

Повеќе за тоа троши само компанијата Ер-Франс-КЛМ. Останатите конкуренти- пред се‘ евтините компании- далеку ја надминуваат Луфтханза. Во Ер Берлин трошоците за персонал сочинуваат едвај 12 отсто од севкупните трошоци.

Шефот на Луфтханза Шпор притоа говори за најдоброто лето кое Луфтханза воопшто го имала. Но, тој сака и натаму да остане на актуелниот курс: намалување на трошоците за персонал - притоа и со помош на евтини авиолетови.

Пилотите не се единствените вработени во Луфтханза кои остро се противат на ваквите мерки.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми