1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пилотите на „Луфтханза“ повторно летаат

23 февруари 2010

Најголемиот штрајк на пилотите во историјата на германскиот авиосообраќај привремено е стопопиран: раководството на „Луфтханза“ и синдикатот на пилотите се враќаат на преговарачка маса.

Повторно на преговарачка масаФотографија: AP

Штрајкот на пилотите на „Луфтханза“ привремено е прекинат по само еден штрајкувачки ден. Пред Судот за работни односи во Франкфурт синдикатот на пилотите „Кокпит“ вчера вечер (22.02.2010) се обврза дека до 8 март нема да ги повикува пилотите на „Луфтханза“ и на фирмите-ќерки „Џерманвингс“ и „Луфтханза карго“ да ги приземјат авионите. Привременото откажување од штрајк е „наш обид да се обноват преговорите“ соопшти здружението „Кокпит“. Раководството на „Луфтханза“ исто така се изјасни дека постои „добра основа“ за конструктивни преговори. Министерот за транспорт и врски Петер Раумзауер истакна дека двете страни сега се повикани заеднички да постигнат резултат. Тој би бил од интерес и за патниците и германското стопанство.

Фотографија: AP

И натаму вонреден план за летање

И покрај прекинот на штрајкот, најголемата авиокомпанија во Европа и денеска ќе лета по вонредниот план, а од среда се очекува постепено нормализирање на летовите на авиокомпанијата. Само „Луфтханза“ вчера откажа 900 летови, но очекуваниот хаос на аеродромите изостана, бидејќи патниците беа навремено информирани.

Сепак, и покрај прекинот на штрајкот на пилотите, „Луфтханза“ се’ уште не ги надминала проблемите. Во меѓувреме и‘ се заканува нов предупредувачки штрајк, организиран од синдикатот на стујардесите и стујардите, кои бараат пред се’ подобри работни услови и ограничување на работното време на 40 часови неделно.

Проширување на штрaјкот?

Со штрајк на вработените, најверојатно ќе биде соочен и конкурентот на „Луфтханза“, британската компанија „Бритиш ервејс“. Стујардесите и стујардите со големо мнозинство гласаа за одбрана на нивните работнички права, соопшти синдикатот „Јунит“. Термин за штрајкот се’ уште не е одреден. Исто така се очекува и отежнат авионски сообраќај и во Франција, во наредниве денови. Синдикатите ги повикаа француските контролори на летање на повеќедневен штрајк. Протестите би требало да траат до сабота.

Автор: АТ/СН/дпа/афп/ап

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми