Писмо со експлозив до германскиот претседател
19 април 2013Како што јавуваат интернет изданијата на дневниот весник „Ди велт“ и магазинот „Фокус“, повикувајќи се на извори од безбедносни кругови, во писмото бил содржан прашак, супстанца позната како ХМТД. Таа се опишува како високоексплозивен материјал. Контролираната експлозија на писмото била изведена од страна на специјална единица на сојузната полиција. Во времето кога тоа било направено германскиот претседател Јоахим Гаук не се наоѓал во својот кабинет, а ниеден соработник не бил во опасност.
Германската служба за борба против организираниот криминал води истрага за случајот. Првата програма на германската телевизија, АРД, јавува дека писмото било откриено при рутинска контрола на стигнатата пошта. Во 2010 година во кабинетот на канцеларот беше откриен пакет-бомба.