1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

План на Ахтисари: условна независност за Косово

2 февруари 2007

Уште пред Ахтисари официјално да ги изнесе подробностите од неговиот план, веќе се познати главните елементи

Приштина: главен град на условно независна држава?
Приштина: главен град на условно независна држава?Фотографија: picture-alliance/dpa

Во планот не се спомнува зборот независност, но се поставуваатт основи за условна независност. Предлогот во суштина опишува конечен статус кој би можел да се сумира како независност под меѓународен надзор. Дипломатите што се запознаени со планот предупредуваат дека тој би можел да претставува разочарување за обете страни. Србите ќе мораат да прифатат дека ќе ја загубат покраината, а албанската страна ќе мора да прифати продолжение на меѓународното присуство, значајни ограничувања на суверенитетот и многу обемен пакет права за косовските Срби.

Балканската истражувачка мрежа (БИРН) на својот интернет-сајт го објавува клучниот дел на планот. Според тие информации, Косово ќе има право да усвои устав, да потпишува меѓународни договори и да бара членство во меѓународни организации. Косово ќе има свои симболи: знаме, грб и химна, а не ќе смее да бара обединување со било која друга држава или нејзин дел. Меѓународната заедница би го надгледувала имплеметирањето на “спогодбата за конечниот статус” и би располагала со потребните овластувања за да обезбеди ефикасно спроведување на таа спогодба.

Општините би имале право на меѓуопштинска и прекугранична соработка. Објектите на Српската православна црква би имале дополнително обезбедување. Предлогот предвидува Србија и Косово директно да ги решат взаемните побарувања кои не се регулирани со спогодбата.

Косовските власти би имале надлежност во областа на безбедноста, правосудството, јавната безбедност, разузнавачката дејност, контрола на границите на својата територија. Косовските заштитни сили би биле распуштени во рок од една година по стапувањето на сила на сопгодбата, а би биле формирани нови, мултиетнички безбедносни сили, но нив и лесно вооружен дел обучен за извршување одредени безбедносни функции. Најдоцна во рок од девет месеци од стапувањето на сила на спогодбата би требало да бидат организирани општи и општински избори.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми