ЕУ: Во сила новиот закон против пластика за една употреба
ЕМФ | агенции
3 јули 2021
Во ЕУ денеска стапува во сила новиот закон за пакувања, со кој се става крај на пластичните производи за една употреба.
Реклама
Во Германија и другите членки на ЕУ од денеска (3.07.2021) треба да почнат да исчезнуваат производите од пластика за една употреба. Со новиот закон за пакувања би требало да се намали количеството на пластичен отпад. Меѓу другото, со законот се опфатени прибор за јадење од пластика, чинии од пластика, сламки, чаши, вклучително и капачиња за чаши, чепкалки за уши и пластични држачи за балони. Освен тоа, забраната важи и за пакувања за храна за носење од стиропор, како и чаши од стиропор.
Како ЕУ планира да ја исфрли пластиката за една употреба
Заради заштита на природната средина, од јули годинава во ЕУ ќе биде забранета пластика за една употреба, многу пластични нема да смеат веќе да се произведуваат. Ви ги претставуваме алтернативите за нив
Фотографија: picture alliance/ZB/P. Pleul
Заштита на морските жители
Забраната треба да значи поштеда на ресурси, да ја растовари животната средина и пред сѐ да ги заштити морињата. Околу 80 % од отпадот во водите се состои од пластика, голем дел од онаа за една употреба. Бидејќи рибите и другите морски животни отпадоците често ги сметаат за храна и ги јадат, микропластиката стигнува и во човечката храна.
Фотографија: picture-alliance/Photoshot
Што конкретно ќе биде забрането?
Чиниите за една употреба и приборот за јадење од пластика, пластичните држачи за балони, пластичните стапчиња за чистење уши и сламките за пиење течност од јули во ЕУ веќе не смеат да се произведуваат. Тоа важи и за чаши од стиропор и продукти од пластични супстанции како полиетилен, полистирол и полиетилентерефталат, кои се разградуваат на ситни честички, но не се биолошки разградливи.
Фотографија: Imago/J. Tack
Остатокот од пластиката останува во употреба
Со новиот закон не се забранети сите пластични материјали. Можат да продолжат да се продаваат пластични кеси за купување од одредени материјали, како и амбалажа за производи за исхрана. Остануваат дозволени и пластичните кутии за домаќинство, како и други продукти од цврста пластика.
Фотографија: imago/Manngold
Алтернативи за пластичен прибор за јадење
Одржливи алтернативи за пластичниот прибор за јадење за една употреба постојат, на пример од дрво или ПЛА, вештачки материјал од пченка и смола. Уште поеколошки е на излет едноставно да се земе приборот за јадење од кујната. Посебно практични се комбинации од лажица, нож и вилушка, кои се погодни за носење во сите прилики.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Büttner
Бамбус, хартија или трици како чинија
Кога обичните чиниии се тешки за носење на излет - како би било со рециклирачки садови од тврда пластика или метал, тие барем и не се кршат лесно. Чинии со можност за компостирање како овие од трици можат дури и да се јадат. Или чинии за една употреба од хартија, шеќерна трска, тие не се комплетно еколошки, но за животната средина се подобри од пластика за една употреба.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Reszko
Решение за чепкалките за уши
Пластичниот дел во стапчињата за чистење уши исто така може да се замени со хартија или бамбус. Уште подобри се т.н. орикули, произведени од бамбус или други материјали. Тие се со долготрајна употреба и помагаат во редуцирање на отпад и штедење ресурси.
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Wiedl
Наздравување со хранливи сламки за пиење?
Сламките за пиење за една употреба од пластика можат да бидат заменети со оние од бамбус или хартија. Уште поеколошка варијанта се оние произведени од метал или стакло. Но, сѐ поомилени се и сламките за пиење кои истовремено можат и да се јадат, на пример од пресирани лушпи од јаболка или жито. Да се пие директно од чашата се разбира е најдобро.
Фотографија: Reuters/S. Dawson
Садови со плаќање кауција наместо амбалажа за фрлање
И амбалажата за еднократна употреба и чаши и садови од стиропор во иднина ќе се забранат. Многу ресторани во меѓувреме воведуваат системи за плаќање кауција за садовите во кои се пакува храната за земање: кога тие ќе се вратат, се добиваат задржаните пари и садовите можат повторно да се употребат. Или пак се носат садови од дома и во нив се зема храна од ресторан.
Фотографија: Vytal
Пластиката за една употреба е само почеток
ЕУ планира во следните години да заштеди уште повеќе на пластика, до 2029 година 90% од сите пластични шишиња ќе се собираат одделно и ќе се рециклираат. Уште во 2025 година една четвртина од пластичните шишиња ќе бидат од рециклирачки материјал, со тенденција за пораст. Во иднина производителите ќе ги сносат трошоците за екологија и намалениот улов на риби поради пластичниот отпад во морињата.
Фотографија: picture alliance/ZB/P. Pleul
9 фотографии1 | 9
Трговците сега се обврзани да се префрлат на продажба на вакви производи од материјали кои може да се рециклираат, како стакло или метал. Сепак, она што трговците веќе го имаат набавено од пластичните производи за една употреба и е складирано во нивните магацини, може да се продава додека не се потроши.
Законот дозволува натамошна употреба на влажни марамчиња, влошки, тампони и производи од тутун со филтер, но тие во иднина треба на пакувањето или на самиот продукт да имаат и информации за содржината, како и да биде наведено какви последици за животната средина би имало неправилно постапување по нивната употреба.
Германската министерка за екологија Сенја Шулце ги поздрави новите правила во Германија и ЕУ и оцени дека „забраната наскоро ќе доведе до подобри, поиновативни ипоеколошки производи и решенија“.
Живот без пластични пакувања
За да се води живот без пластични пакувања е неопходна подготвеност за откажување од некои работи и постигнување компромиси. Обид за живот без пластични пакувања во Берлин - низ слики.
Фотографија: DW/Tamsin Walker
Малку поинаква козметика
Во Берлин има две продавници кои нудат неспакувани производи, меѓу нив и состојки за производство на козметички производи и продукти за нега. На интернет има доволно рецепти кои ветуваат миризлива и нежна кожа. Треба само да се почне.
Фотографија: DW/Tamsin Walker
Едно е теорија, друго е пракса
Теоретски козметиката која се меша на таков начин би можела дури и да се јаде. Тоа не значи и дека би била вкусна или хранлива. Но, тоа ја подвлекува природноста на многу тинктури, лосиони и кремови. Пластика нема никаде.
Фотографија: DW/Tamsin Walker
Не е за јадење, но е функционално
Течни сапуни и средства за чистење, се разбира, не треба да се јадат. Тие и не мирисаат секогаш убаво, но ѝ служат на целта. Всушност, служат на две цели, зашто покрај чистењето, овозможуваат живот без индустриски производи спакувани во пластика.
Фотографија: DW/Tamsin Walker
Едноставно и ефективно
Слично како за козметичките производи, онлајн има и рецепти за домашна паста за заби. За оние за кои тоа е прекомпликувано, постојат и таблети за чистење заби, кои мирисаат на ментол и кои се спакувани во хартиени кеси. Чистењето на забите се прави со четки од бамбус.
Фотографија: DW/Tamsin Walker
Сапун
За нега на телото не е неопходна колекција од пластични шишиња. Сапунот, кој луѓето го користат откако знаат за себе, сѐ уште функционира добро, барем исто толку добро како и гелот за туширање. Во продажба има и шампони и омекнувачи за коса во тврда состојба и без пакувања кои се штетни за животната средина.
Фотографија: DW/Tamsin Walker
Торби со смисла
Супермаркетите сѐ уште нудат пластични кеси за пакување на овошјето и зеленчукот. А дома, најголемиот дел од кесите завршува на отпад. Притоа, платнени торбички имаат многу повеќе смисла. Тоа го знаеле и нашите баби и прабаби и кога оделе на пазарување си земале платнени торби со себе.
Фотографија: DW/Tamsin Walker
На смрт осудените живеат подолго?
Да се задржиме малку на пластичните кеси. Во Германија тие не се официјално забранети. Сепак, некои продавници во меѓувреме ги исфрлија од употреба ваквите кеси или ги нудат само доколку за нив се плати. Не дека нема алтернативи!
Фотографија: DW/Tamsin Walker
Хигиена за хартијата за хигиена
Да се најдат алтернативи за тоалетната хартија е навистина тешко. Но, постојат - на пример од бамбус. Образложението за тоа зошто конвенционалната тоалетна хартија е спакувана во пластика, гласи: „Од хигиенски причини“. Навистина?