1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Плаќањето во кеш да се укине?

К. Кобер / ЕМФ4 април 2016

Дали плаќањето во готово треба да се ограничи? Треба ли кешот сосема да се укине на долг рок? Германската влада смета дека со ограничувањата би се отежнало перењето пари и финансирањето на тероризмот. И ЕЦБ е „за“.

Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Reinhardt

Околу банкнотата од 500 евра има различни ставови. Кој може да си дозволи да плаќа со ваква банкнота и пред сѐ - што може да плати со неа? Тоа мириса дубиозно, полумрачно, криминално - беше заклучено неодамна во раководните структури на Европската централна банка.

Оттука, Советот на ЕЦБ се заложи за укинување на банкнотата од 500 евра, за да се отежне перењето пари, корупцијата и финансирањето на теророт.

И германската влада се надева дека нејзиниот план за забрана на банкнотата од 500 евра ќе го донесе тоа. Профитери од ваквата идеја би можеле да бидат технолошки фирми како Самсунг или Епл, кои сакаат да придобијат повеќе корисници на нивните смартфон-системи за плаќање.

Меѓутоа, причина за ваквото ограничување на плаќањето во готово, или дури и неговото укинување, може да биде и друга. Имено, ако Европската централна банка и натаму ги намалува своите камати и ако со тоа чувањето пари во банка почне да чини пари, би можела да почне трка на банкарските шалтери по готовина. Ако готовината биде укината, тогаш не би имало ваков проблем. Но, во Германија има жесток отпор на планираните ограничувања. А, за укинување не е ниту претседателот на Бундесбанката, Јенс Вajдман.

Ограничување на плаќањето во готово: „за“ и „против“

01:18

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми