Македонија е во славеничка еуфорија - ракометарите на Вардар се европски шампиони. Во драматичен натпревар тие го победија Пари Сен Жермен со еден гол разлика.
Реклама
Илјадници луѓе веднаш по завршувањето на натпреварот излегоа на улиците за да го прослават големиот ракометен успех. Настапот на Вардар во Келн никого не го остави рамнодушен.
Еуфорија по големиот ракометен успех на Вардар
Еуфорија по големиот ракометен успех на Вардар
Фотографија: DW/Petr Stojanovski
„Ој, Вардаре македонски“...
... ечеше од грлата на граѓаните дојдени во центарот на Скопје да ја прослават големата победа. Татнеж и ечење на сирени имаше до доцна во ноќта.
Фотографија: DW/Petr Stojanovski
Шампионите ги згреаја срцата...
... на илјадници граѓани. Вардар нѐ обедини! Ова ни беше потребно, може да се прочита во коментарите на социјалните мрежи.
Фотографија: DW/Petr Stojanovski
Успех за паметење
Титулата на Вардар е еден од најголемите успеси на македонскиот спорт. Македонија е шестата земја која има победник во Лигата на шампионите, покрај Шпанија, Германија, Франција, Словенија и Полска.
Фотографија: DW/Petr Stojanovski
Исполнување на сонот
Долго ќе се прераскажува драмата во два чина - полуфиналето против Барселона со победа од 26:25, а потоа и финалето против ПСЖ со триумфални 24:23. Вардар е на тронот, а тоа на крајот е единствено важно!
Фотографија: DW/Petr Stojanovski
Импресивна сезона
Ракометарите на Вардар остават зад себе сезона за паметење со четири освоени победнички пехари: во првенството и во Купот на Македонија, во СЕХА лигата и во Лигата на шампионите. Тоа навивачите знаат да го ценат.