1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повеќе загинати на предизборен митинг во Пакистан

ЖА/дпа6 мај 2013

Пет дена пред парламентарните избори во Пакистан, првпат се убиени исламисти при напад на предизборна манифестација. Атентатот е ивршен врз организација блиска на талибанците.

Фотографија: Reuters

Најмалку 15 лица загинаа, а над 40 се ранети денеска при експлозија на бомба за време на предизборен митинг на исламистичката партија Совет на исламските улеми (ЈУИ) во реонот Куран во северозападниот дел на Пакистан. Овие податоци ги пренесува дел од новинските агенции, а според официјални извори има шест загинати и 25 ранети.

Како што соопшти локалната полиција, бомбата била поставена во близина на бината од која на присутните им се обраќале говорниците на митингот.

Меѓу жртвите нема ниту еден од лидерите на Џамиат Улема е Ислам, ЈУИ, која важи за блиска до талибанците во Авганистан и Пакистан. Досега никој не презеде одговорност за нападот.

Во текот на кампањата за парламентарните избори закажани за 11 мај, беа извршени неколку напади за време на партиски собири, при што загинаа над 70 лица.

Во понеделникот талибански борци делеа летци на кои повикуваа да не се гласа.

„Ќе ги нападнеме приврзениците на демократијата, народот или водачите, според можноста која ќе ни се укаже“, пишуваше на летоците.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми