1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Повеќе од само замавнување со чеканот“

Клаудија Вите / Е. М. Фиданоска8 декември 2014

Германскиот дипломат Јоахим Рикер е нов претседавач на Советот за човекови права во Женева. Според Петер Сплинтер од Амнести Интернешнал, Рикер би можел да го диктира стилот и тонот во ова тело на ОН.

Фотографија: Claudia Witte

ДВ: Дали новиот претседател на Советот на ОН за човекови права Јоахим Рикер презема апарат кој функционира добро?

Петер Сплинтер: Мислам дека презема апарат кој функционира, но кој мора да се соочи со предизвици. Има повеќе резолуции, повеќе специјални процедури и во секоја седница мора да се инвестира повеќе време. Постои опасност Советот да не може да одговори на предизвиците, тој страда под товарот на сопствениот успех. Она што ќе го преземе и кое можеби се‘ уште е во добра состојба е - претседателството. Тоа мора да го уреди начинот на којшто ќе работи Советот на ОН, неговата програмска ориентација и водењето на дебатите. Тонот на една дебата, дали тој е многу агресивен или е повеќе полн со почит, варира од едно претседателство до друго. Се работи за теми како потиснување на цивилното општество и соработка со активисти за човекови права. Но треба да се мисли и на финансиското оптоварување на Советот, зашто повеќе мандати и повеќе истражни комисии значат и потреба од повеќе пари.

Како се избира претседателот на Советот на ОН за човекови права?

Претседателството ротира годишно меѓу групи на земји. Кога една група номинирала еден претседател или заменик претседател, работата е практично решена. Формално Советот, се рабира, мора да гласа. Важно е да се сфати уште една работа: ова не е германско претседателство, туку претседателство на амбасадорот во ОН Рикер. Тој е таму врз основа на личните ингеренции.

Дали фактот што еден Германец претседава со Советот за човекови права е знак за тоа дека Германија како земја добива поголема меѓународна тежина и презема поголема одговорност?

Тука сум скептичен. Германската улога во Советот мора да се мери повеќе по тоа што Германија го презема како членка на Советот, отколку по тоа дека претседателот е Германец. Какви резолуции предлага? Како Германија се однесува во текот на дебатите во Советот? Можеби Германија не одговори на очекувањата кога станува збор за активно отворање разговор за ситуации, за хронични и акутни проблеми на земјите во светот како Узбекистан, Египет, Бахреин. Во тој дел, според мислењето на Амнести Интернешнал и други невладини организации, Германија сигурно може да стори повеќе со тоа што ќе ја искористи својата тежина во светот, да биде гарант дека Советот на ОН за човекови права ќе се занимава со дел од тешките ситуации на човековите права.

Дали оваа улога има навистина церемонијален карактер, од типот отворање на седниците на Советот или замавнување со чеканот?

Убеден сим дека тој (Рикер, н.з.) може многу повеќе отколку само да удира со чеканот. Имаме доживеано претседатели за кои не е проблем да замавнуваат со чеканот, а притоа да дозволуваат проблематични состојби да излегуваат од контрола - дебатата да стане дрска, да стане безначајна или на дневен ред да се најдат неважни точки. Удирањето со чеканот не е без значење, но претседателствто е многу повеќе од тоа. Раководството, особено на еден Совет, е преоптоварено со рокови кои мора да се испочитуваат, со дебати кои мора да се водат, со резолуции кои мора да се донесат.

Петер Сплинтер е претставник на организацијата за човекови права Амнести Интернешнал во ОН во Женева

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми