Повеќе сопствен капитал против банкарската криза?
14 октомври 2011Таа е првата жртва на новата актуелна банкарска криза - големата француско-белгиска банка Дексија. Таа западна во неволја зашто беше силно ангажирана во Грција. Но и други банки инвестирале многу пари во кризните држави како Италија, Ирска, Португалија, Шпанија и Грција. Значи, онаму каде што државните обврзници веќе не се безусловно сигурни.
Германската Комерцбанк, на пример, има такви обврзници во своите книги во вредност од 14,7 милијарди евра, француската Сосиете Женерал има инвестирано 4,7 милијарди во кризните држави, а Дојче Банк - 3,4 милијарди евра.
Со цел да можат да ги ублажат загубите во кризните земји, банките треба да го зголемат сопствениот капитал - на 9 проценти.
Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!
Автор: Дагмар Циндел/ Симе Недевски
Редактор: Е.М.Фиданоска