Повик до лидерите на Косово и Албанија да ја посетат јужна Србија
8 јануари 2012Албанските интелектуалци , како што пишува агенцијата Телеграфи, сметаат дека претседателката на Косово Атифете Јахјага и премиерот Хашим Тачи треба да ги посетат тие три општини во јужна Србија во кои живеат Албанци.
Тие бараат официјалните претставници на Косово и на Албанија да вложат дипломатски напори за да ги посетат Прешево, Медвеѓе и Бујановац, тврдејќи дека Србија ги запоставува тие општини.
Според мислењето на албанските интелектуалци од југот на Србија, добар повод за посета е тоа што во март се навршуваат 20 години од референдумот на Албанците во тие три општини за обединување со Косово, како и 11- годишнината од прекинот на вооружените судири на тие простори.
Илир Мета пред две години, во својство на заменик премиер и министер за надворешни работи на Албанија, ги посети општините Прешево , Медвеѓе и Бујановац.
Автор:СН/ЕМФ/бета
Редактор: Е. М. Фиданоска