Повлекување на Американците од Ирак до 2011 - та година
17 ноември 2008Владите во Вашингтон и Багдад за договорoт за повлекување на американските трупи спореа точно една година. На крајот Ирачаните прокнижија барем преговарачки успех, иако неговата вредност ќе го покаже иднината. Багдад подготви временски план за повлекување на американските трупи, нешто што американскиот претседател Џорџ Буш долго сакаше да го избегне.
Одговорноста за безбедноста преминува во ирачки раце
Според планот, стационираните американски војници од средината на идната година треба да почнат да се повлекуваат од нивните околу 400 бази во Ирак. Во моментов на ирачка почва има околу 150 илјади американски војници. До крајот на 2011 година и последниот треба да го напушти Ирак. Одговорноста за безбедноста на земајта треба да премине на ирачката војска и полиција. Тие во моментов контролираат 13 од 18 провинции, но не и главниот град.
Кон крајот на годинава истекува и мандатот на ОН за стационирање на странските трупи. Тоа би значело нерегулирана состојба, иако никој во Ирак не очекува нагло повлекување на Американците. Новиот американски претседател Барак Обама вети повлекување на трупите од Ирак во рок од 16 месеци по стапувањето на должност.
На потег е парламентот
Ирачката влада е полна самодоверба по усвојувањето на планот. Портпаролот Али ал Дабаг
подвлекува дека кабинетот го изгласа планот, а сега тој оди во парламентот, кој може да го прифати или отфрли.
Но, втората можност е мала. Во парламентот премиерот Нури ал Малики има јасно мнозинство. Сепак, на планот му се заканува опасност и тоа од ирачките националисти и анти американски расположениот духовен водач ал Садр и неговоте милиции. Тој најави борба против американските трупи се‘ додека се тие на ирачка почва.