1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повлекување на кандидатот на ЦДУ поради љубовна афера

15 август 2011

Кристијан фон Бетихер, покраински шеф на ЦДУ поднесе оставка на функциите поради љубовна врска со малолетничка. Фон Бетихер требаше да биде водечки кандидат на партијата на следните избори во покраината Шлезвиг Холштајн.

Кристијан фон Бетихер, ЦДУФотографија: picture-alliance/dpa

Челниот кандидат на Христијанско-демократската унија во германската покраина Шлезвиг Холштајн, Кристијан фон Бетихер, се откажа од кандидатурата девет месеци пред покраинските избори. 40-годишниот политичар даде оставка и на функцијата претседател на ЦДУ за покраината.

Овој чекор на Бетихер следи по масивниот притисок на неговата партија, а како последица на љубовната врска која тој ја имал минатите години со 16-годишно девојче. Врската на Бетихер започнала на почетокот на 2010 година и била раскината пролетта. Иако не е противзаконска, Бетихер мораше да се повлече од морални причини.

Тој пред три месеци беше избран за челен кандидат за покраинските избори во 2012 година. Во септември 2010 година стапи на функцијата претседател на покраинската ЦДУ, а од 2009 година е шеф на пратеничката група. Бетихер беше поддржуван од покраинскиот премиер Петер Хари Карстенсен, кој се откажа од кандидатура за функцијата во наредниот период. Моментно во покраината Шлезвиг Холштајн на власт е Христијанско-демократската во коалиција со Партијата на либералите.

Автор: ЖА/ АТ/ дв

Редактор: Трајче Тосев

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми