1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повредени и уапсени во протестите во Истанбул

БГ/миа4 август 2013

Турската полиција повторно со употреба на сила се пресмета со демонстрантите на плоштадот Таксим во Истанбул.

Фотографија: Reuters

Најмалку 10 лица се повредени, а десетици се уапсени синоќа при растерувањето на антивладините демонстранти во близина на истанбулскиот плоштад Таксим. Турската полиција синоќа употреби солзавец и водени топови против помали групи демонстранти во центарот на Истанбул. Некои западни медиуми јавија дека полицијата употребила и гумени куршуми, од кои биле повредени најмалку тројца новинари. Демонстрантите се обиделе да поминат од околните улици до плоштадот Таксим, но околу него бил поставен кордон, бидејќи турските власти претходно забранија масовни собири. Околу 300 демонстранти се собраа синоќа со цел да го поддржат протестното движење „Гези“ и извикуваа антивладини пароли. Бранот протести во Турција започна во јуни против плановите на власта да ги исече дрвјата во паркот Гези во централниот дел на Истанбул. Протестите прераснаа во немири, во кои пет лица загинаа, а илјадници се повредени.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми