Ни 30 години по повторното обединување на двете Германии не може да се зборува за исти животни услови. Поделбата меѓу истокот и западот се зацврстува, не само во економски поглед.
Реклама
Со 30 години во Германија сте релативно млади. Просечната возраст е околу 45 години. Статистички гледано, со 30 мајките добиваат прво дете, без разлика каде во Германија. Во тој поглед нема веќе разлики меѓу истокот и западот. Пред повторното обединување на 3 октомври 1990 тоа беше различно. Мајките во Сојузна република Германија во просек имаа по 27 години, во Источна Германија 24. Кога е збор за формирање семејство значи условите се изедначени.
Пратеникот на владата за новите покраини, Марко Вандервиц, се чини дека има право кога вели дека „Германија од 1990 година стана доста слична во многу работи”. Како други примери наведува користење на слободно време и членство во друштва. Во која статистика и да се погледне “се наоѓаат повеќе заеднички работи отколку тие што ги разликуваат”. Навистина? Годишниот извештај за состојбата на германското обединување кој го презентираше кон средината на септември нуди податоци кои може да доведат до други заклучоци.
Берлин пред и по повторното обединување на Германија
Денеска кога Германија слави 34 години од повторното обединување, неодминлив е погледот кон главниот град- симболот на поделена Германија. Фото-прошетка низ Берлин: некогаш и сега.
Бранденбуршката порта
Бранденбуршката порта е една од најпознатите знаменитости на Берлин. Изградена во 1791 година, таа подоцна за време на поделбата на Германија, ја маркираше границата меѓу источен и западен Берлин. Таа се наоѓаше непосредно зад граничната линија во источниот дел на градот и беше затворена за посетители до есента 1989 година. Оттогаш плоштадот пред неа е полн со посетители.
Злогласниот затвор Хоеншенхаузен
Хоеншенхаузен служеше како централен истражен затвор на Германската Демократска Република до 1989 година. Тука беа затворани политичките затвореници кои се соочуваа со психолошка и физичка тортура. Тајниот затворски комплекс дури не се појавуваше на ниту една карта. По повторното обединување, Хоеншенхаузен конечно беше затворен и претворен во спомен-куќа отворена за посетители.
Берлинскиот ѕид
28 години, Берлинскиот ѕид го делеше градот на исток и запад. Многу луѓе загинаа обидувајќи се да пребегаат преку строго чуваните ѕидови долги 155 километри - точниот број на жртви не е познат. Галеријата Ист Сајд, најдолгото преостанато парче од Ѕидот, беше насликано од уметници од Германија и од странство годината кога се обедини земјата.
Од 1970 до 1991 година, колосот од црвен гранит висок 19 метри стоеше во населбата Фридрихшајн во источен Берлин. Тоа беше скапоцен камен на круната на плоштадот посветен на советскиот лидер Владимир Ленин. Но, по падот на Железната завеса, режимот падна, а статуата беше демонтирана. Денес, Плоштадот на Ленин, како што се нарекуваше некогаш, сега е Плоштад на Обединетите нации.
Од Палата на Републиката до Берлинскиот дворец
Во поранешната Германска Демократска Република, Палатата на Републиката претставуваше симбол на моќ. Откако ги отвори вратите во 1976 година, беше седиште на Народната комора и беше домаќин на различни политички конференции. Во 2006 година беше урната, бидејќи претставуваше закана поради азбестот во неа. Берлинскиот дворец во моментов е во изградба на истата локација.
Интершоповите на ГДР
„Интершоп“ беше истакнат синџир за малопродажба во ГДР, продавница во која не можеше да се плаќа со пари од ГДР, туку само со девизи. Како резултат, стоката во голема мерка беше недостапна за многу луѓе кои живееја на Исток. Првиот Интершоп се наоѓаше на станицата Фридрихштрасе во Источен Берлин (на сликата). Денес тој плоштад е популарен малопродажен центар со кафулиња и продавници за облека.
Детски игралишта
Ништо не го отсликува безгрижното детство како игралиштата. Овие метални конструкции можеле да се најдат на речиси секое игралиште во поранешниот Исток. Денес, тие обично се направени од јаже - па затоа не боли толку многу кога младите (и старите) ќе налетаат на нив додека играат. Повеќе слики од Берлин-некогаш и сега- може да се најдат на Фејсбук: #GermanyThenNow and #BerlinThenNow.
Интерхотел Метропол
13-катниот Интерхотел Метропол на улицата Фридрихштрасе беше отворен во 1977 година. Тој беше луксузен хотел, популарен меѓу деловните луѓе, дипломатите и познатите личности. Сепак, граѓаните на ГДР без можноста да плаќаат со девизи, можеа да му се восхитуваат само однадвор. Денес, луксузниот синџир на хотели Маритим се наоѓа тука и е достапен за сите посетители - се разбира, за соодветна цена.
Стоковна куќа KaДeВe
Стоковната куќа на Западот (Kaufhaus des Westens), накратко KaДeВe, е најпозната стоковна куќа во Германија. Втора по големина во Европа, по Херодс во Лондон. Луксузната продавница е отворена во 1907 година, го преживеа уништувањето за време на Втората светска војна и остана во западен Берлин во годините кога престолнината беше поделена. Денес е популарна и меѓу туристите и меѓу локалните жители.
9 фотографии1 | 9
Економски разлики
Пред сѐ кога станува збор за многу битни фактори сликата не е розова: економската сила на петте сојузни покраини од истокот изнесува 73 проценти од германскиот просек. И платите со скоро 89 % и натаму се далеку од нивото на западните покраини.
Вандервиц го признава отворено тој дефицит и се надева на промени со воведување технологија на иднината по примерот на отварањето на фабриката за електрични автомобили Тесла во близина на Берлин. Тој конкретно мисли на инвестиции во полето на мобилноста и вештачката интелегенција.
По тоа прашање Вандервиц, кој е член на Христијанско-демократската унија, дели исто мислење како Дагмар Енкелман која инаку политички гледано има сосема други размислувања.
Историските заслуги на Хелмут Кол
00:55
Таа е претседател на фондацијата Роза Луксембург, блиска до Левицата. Енкелман исто така ги нагласува економските разлики. „Тие и за иднината секако значат различен развој на истокот”, вели таа за ДВ. Таа вели дека е потребно да се размисли како поинаку може да се делува на регионалниот развој и економската политика. Таа самата по многу задршки лично се помирила со германското обединување. „Луѓето се пошарени и воздухот е почист”, вели таа. И како што вели, таа може самата да си го формира својот светоглед. Вели дека граѓаните на ГДР западот го знаеле само од телевизија. Од 1990 и таа пропатувала низ цел свет. "Од тогаш видов многу нешта”.
Сонот за чувство на среќа за повторното обединување
И покрај сите критики и натаму постоечките разлики таа смета дека конечниот резултат е позитивен: „Беше пат кој беше исправен за повеќето луѓе во Германија.” А, кога ги гледа сликите од 3 октомври повторно се наежува. Еуфоријата, вели, и натаму е на некој начин присутна.
Пратеникот Вандервиц дури се надева дека ќе може повторно да се оживее чувството на среќа заради повторното обединување. Но овој политичар кој потекнува од истокот сепак се грижи кога е во прашање демократијата која на истокот само 78% испитаници ја сметаат за најдобра општествена форма за Германија наспроти 91% на западот.
Геншер во Прага: Граѓаните на ГДР смеат да патуваат
Пред 30 години, тогашниот министер за надворешни работи на СР Германија, Ханс-Дитрих Геншер во Прага даде зелено светло за граѓаните од источна Германија за патување. Поглед наназад, кон летото и есента 1989 година.
Фотографија: picture alliance/dpa/R. Kemmether
Историски зборови во Прага
30 септември 1989, 18:59 часот. Ханс-Дитрих Геншер, министер за надворешни работи на Сојузна Република Германија, стои на балконот на амбасадата на Западна Германија во Прага, опкружен од избеганите граѓани од Источна Германија. „Денеска дојдовме кај вас за да ви кажеме дека денеска вашето патување надвор...", вели тој во микрофонот. Зборовите „...стана можно“ беа надвикани од изблиците на радост.
Фотографија: picture alliance/dpa/R. Kemmether
Камп во амбасадата
Во тоа време околу 4000 бегалци од Источна Германија беа во амбасадата во главниот град на Чехословачка, многумина од нив со недели. Некои и со своите деца. Сите се надеваа дека од таму ќе може да заминат на Запад. Геншер преговараше со министрите за надворешни работи на Советскиот Сојуз, ГДР и Чехословачка – успешно.
Фотографија: picture-alliance/dpa/CTK
Лето за бегство
Уште претходно илјадници граѓани од Источна Германија отпатуваа во земјите од источниот блок, како Унгарија и Чехословачка, за од таму да продолжат на Запад. Истовремено, во ГДР мировното движење на отпорот стануваше посилно и ја стави под притисок владеачката партија СЕД.
Фотографија: picture-alliance/IMAGNO/Votava
Отстранета граничната ограда
Во мај 1989 година Унгарија ја демонтираше граничната ограда кон Австрија. Оградата беше урната и ниту Будимпешта ниту Моска не беа подготвени да ја финансираат нејзина санација. Сликата од министерот за надворешни работи Алојз Мок (Австрија, лево) и Ѓула Хорн (Унгарија, десно) при симболичното пресекување на оградата на крајот на јуни 1989 беше главна на насловните страници низ светот.
Унгарската граница со тоа не беше и навистина отворена, но стана попропусна. Тоа се покажа и на 19 август 1989, кога стотици источни Германци го искористија за бегство „Паневропскиот пикник“, односно мировните демонстрации на унгарско-австриската граница. Унгарските граничари го дозволија тоа. На 10 септември 1989 година Унгарија и официјално ја отвори границата.
Фотографија: picture-alliance/IMAGNO/Votava
Победа на Солидарност од Полска
Во 1989. сѐ повеќе земји од источниот блок се дистанцираа од својот голем брат СССР. Во Полска демократската опозиција Солидарност победи на првите делумно слободни парламентарни избори во јуни 1989 година. Тадеуш Мазовјецки (во средина со подигната рака) беше првиот некомунистички премиер на една земја од Варшавскиот пакт.
Фотографија: Imago Images/Forum
Нова доктрина од Москва
Уште од средината на 1980-те шефот на државата Михаил Горбачов иницираше реформи во СССР со „Гласност“ и „Перестројка“. Во октомври 1989 година тој го најави она што стана познато како „Доктрина Синатра“ – земјите од Варшавскиот пакт смеат самостојно да одлучуваат за политичките реформи. Доктрината е именувана по американскиот пејач Френк Синатра и неговиот хит „I Did It My Way“.
Фотографија: picture-alliance/IMAGNO/Votava
Ѕидот падна
Значи, не требаше да се стравува од советска интервенција кога секретарот на СЕД, Гинтер Шабовски во ноември 1989 најави: „Приватно патување во странство може да се бара без никакви предуслови.“ Милиони луѓе се упатија веднаш кон границата, се искачуваа на Берлинскиот ѕид и славеа со Германците од западниот дел. Единаесет месеци подоцна ГДР ѝ се приклучи на СРГ.
Фотографија: picture-alliance/W.Kumm
8 фотографии1 | 8
Доселувањето битно за истокот
Вандервиц упатува на добрите резултати на десничарските партии на истокот и на релативно поголемиот број деснорадикално мотивирани кривични дела. Тоа е вели, нешто на што треба да се работи, а што нему му лежи на срце, но мора да биде така и со целокупната политика и општество. Не само од економски причини. Ако се сака да се задржи економската моќ, тоа мора да се направи со доселување, смета тој.
Голем дел млади луѓе уште заминува на истокот бидејќи таму се големите фирми од автомобилска и хемиска индустрија, а со тоа и подобро платени работни места. Заради тоа тој се надева на внатрешногерманска миграција во корист на источните покраини.
Работна сила од други земји
Но, за да не остане само желба, Вандервиц размислува за нова работна сила од други земји, заради културолошката близина пред сѐ од Европа. Така би можел да замисли Полјаци кои заради Брегзит не може да останат во Велика Британија, повеќе да доаѓаат во Германија. „Но, мора секако да се бара во цел свет! Тоа претпоставува отвореност спрема светот и култура на гостопримство.” Но, со тоа Германците на истокот изгледа имаат повеќе проблеми отколку на западот.
Зошто истокот сѐ уште каска зад западот?
02:05
This browser does not support the video element.
Тоа се гледа по изборните резултати на десничарско-популистичката Алтернатива за Германија која според проценките на Службата за заштита на уставниот поредок е и делумно десноекстремистичка. Во сите пет источни покраини таа влезе во парламентите со изборни резултати некогаш и над 20%.
Поглед на политичката карта во Германија покажува дека АфД во меѓувреме ја има насекаде, а во Бундестагот е од 2017 најсилна опозициска партија. Двоцифрените изборни резултати на “просперитетниот југ” како што рече писателот Франк Беш говорат за тоа дека нивниот успех е повеќе отколку само прашање на недостаток на економска моќ и космополитизам. Во Баварија на последните избори АфД освои повеќе од 10, а во Баден Виртемберг 15%.
Западниот дел на Германија е поинтернационален
Во двете најразвиени покраини на Германија уделот на странците е над германскиот просек и изнесува 12%. Да се објасни со тоа успехот на десничарската партија би било премногу едноставно. Тогаш АфД на истокот каде просекот на странци е пет проценти би требало да имаат слаб успех. Тоа дека структурата на народот на западот и 30 години по обединувањето е пошарена и помеѓународна е пред сѐ заради тоа што доселувањето таму започнало уште во 1960 година.
Вартбург е мртов, да живее Вартбург!
Последниот Вартбург пред 25 години се „истркала“ од производната лента право во музеј! Оттогаш овој несмасен, но авантуристички источногермански автомобил стана колекционерска икона. Провете зошто е тоа така!
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Burgi
Популарна алтернатива
Едноставно не ги прават како што ги правеа. Вартбург беше популарна алтернатива на раздрнканиот Трабант. За околу 4000 источногермански марки плус (или околу 18.000 источногермански марки вкупно) другарите можеа да добијат возило со повеќе коњски сили и нешто подобар дизајн. Вартбургот исто така имаше и поголема брзина - 120 км на час - но „само по удолница“, велеа граѓаните на Источна Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Wolf
Во АВЕ
По производството на првиот Вартбург во фабриката АВЕ во Ајзенах во 1955 година, следуваа уште 1,2 милиони возила. Но, по падот на Берлинскиот ѕид, падна и побарувачката по источногермански возила. Одеднаш околу 6.100 работници беа соочени со невработеност.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Автомобили има, но не и купувачи
Нивото на економска стабилност во Ајзенах, каде се произведуваше Вартбург, често беше мерено според бројот на возила паркирани покрај патот. Во април 1991 година улиците беа „полни со непродадени возила“, се саќава Харалд Лизке, поранешен раководител на Работничкиот совет на АВЕ.
Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Kumm
Опел за спас
Надеж за илјадниците работници во Ајзенбах стигна во февруари 1991 година. Тогаш Опел почна производство на територија на источна Германија, каде се стартуваше со изработка на моделите Корса и Адам. Сепак, половината врабнотени во автомобилската индустрија во источна Германија останаа без работа по обединувањето на државата.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Schutt
Преживеани
Сѐ на сѐ, во Ајзенах се произведоа 1,2 милиони возила Вартбург. Наспроти тоа, во Цвикау беа произведени 2,8 милиони Трабанти. Денес во Германија легално се возат само околу 7.300 Вартбурзи и 33.500 Трабанти.
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Schmidt
Олдтајмери
Повеќето Трабанти може да се видат на улиците на покраината Саксонија. Но, најдобрите примероци сепак може да се најдат на шоуата на олдтајмери ширум земјата. И Вартбург и Трабант се автомобили кои имаат сѐ уште посебно место во срцата на многу Германци.
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Schmidt
Култ-статус
Некои од сопствениците на Вартбург чекале и по 14 години додека возилото им биде испорачано. При толку долго чекање, не е ни чудо што вториот по популарност автомобил во источна Германија достигна таков култ-статус.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul
7 фотографии1 | 7
Кога Вандервиц неодамна го претстави Извештајот за состојбата на германското обединување раскажа анегдота за средбата на неговата генерација 25 години по матурата. Оние кои останале во родната Саксонија можеле да се избројат на една рака. „Остатокот е некаде во поранешна западна Германија, Швајцарија, Австрија”, вели тој. Но, според него трендот на исселување веќе се намалува.