1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Повторно вакцинација во Врање

СН/агенции
10 април 2021

Над 18 илјади македонски граѓани досега се вакцинирани во рамките на масовната имунизација во земјата. Околу 10 илјади пак примија вакцина во соседна Србија. И денеска таму се одвива вакцинација за македонски граѓани.

Serbien Stadt Vranje
Фотографија: DW/D. Dedović

Откако во првата акција на вакцинирање на медиумските работници од С. Македонија, кога 105 ја примија првата доза, српските медиуми јавуваат дека денеска во тек е нова акција на имунизирање на припадници на „седмата сила“ од соседната земја. 

За вакцинацијата, како што за порталот Јужне вести, изјавиле од Здравствениот центар во овој српски град, се пријавиле 200  медиумски работници.

Вакцинирањето започнало утрината во Спортската сала во Врање, додаваат од Здравствениот центар.

Србија: Вакцина за доверба

01:57

This browser does not support the video element.

„Вакцинирањето на новинарите од Република Северна Македонија е порака на солидарност, важно е на сите во регионот да им биде добро, а нам во Здравстениот центар Врање ни е чест што ни е доверена вакцинацијата на нашите соседи“, рече директорката на центарот, Лилјана Антиќ.

Повеќе:

-На вакцинација во Ниш - многумина без термин и во погрешен град

-Македонцки работи: Кој за Врање, кој за Ниш

-Викенд во Белград, бесплатна вакцина

Досега, освен во Врање, македонските граѓани можеа да се вакцинираат и во Ниш и во Белград.

Инаку досега во С. Македонија пристигнаа 24.000 дози на АстраЗенека преку механизмот Ковакс, контингент од 3.000 руски вакцини Спутник V и 8.000 дози Бионтек/Фајзер и 40.000 дози Спутник V од соседна Србија.

Во теков на месецот се очекува доаѓање на 200.000 дози на кинеска Синофарм и на нов контингент од механизмот Ковакс.

Околу 18 илјади граѓани, според министерот за здравство Венко Филипче, веќе се вакцинирани во земјата, а според проценките во соседна Србија се вакцинирани уште околу 10 илјади. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми