1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повторно грабнат Германец во Авганистан

18 декември 2007

Во Министерството за надворешни работи во Германија сеуште траат проверките во врска со пријавеното киднапирање на еден германски државјанин,42 годишниот Харалд Клебер

Клебер во бела облека пред неговата работилницаФотографија: AP
Нема нови сознанија за случајот,гласат информациите од Министерството за надворешни работи во Берлин,каде заседава посебно тело кое го испитува.Кризен штаб засега не е формиран. Петти пат оваа година во неделата вечерта во Авганистан е грабнат германски државјанин.Клебер според информзциите на авганистанската полиција бил киднапиран од вооружени лица. Шефот на полицијата во Херат Мохамед Јума Азим соопшти дека бил запрен автомобилот во кој бил и Клебер и тој бил извлечен од него.Неговата жена,Авганистанка,и братот на неговата жена биле поштедени.Можно е случајот да има и приватна заднина.Според Азим,сопругата на Клебер порано била мажена за Авганистанец,кого го напуштила заради Германецот.Во Авганистан тоа е многу невообичаено. Столарскиот работник од Амберг инаку во Авганистан живеел од пред четири години,тој конвертирал кон исламот. Клебер во 2003 и 2004 година соработувал со хуманитарната организација Гринхелме,а истовремено имал и своја столарска работилница.Во меѓувреме организацијата со него нема никакви контакти.Клебер во 2003 година сакал да се кандидира за покраинските избори за партијата на Зелените во Баварија.Според партијата,кратко пред изборите ја повлекол кандидатурата и заминал во Авганистан.Против него се води постапка за проневера на пари од хуманитарната организација. Обвинителот од Бон,Фред Апостел: „На ова лице му се префрлува дека проневерило пари на институцијата.постапуваме како при секој казнен прекршок.“ Се работи за 87 илјади евра кои Клебер ги добил за извршување услуги при изградбата на едно училиште.

►◄

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми