1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Anschlag Afghanistan

2 јуни 2011

Tрет напад врз Бундесверот во Авганистан за само неколку дена - во нападот што се случи изутринава (02.06) во провинцијата Баглан, загина еден војник, а петмина се повредени, од кои двајца тешко.

Фотографија: picture alliance/dpa

Не помина ниту цела недела од последниот напад во северен Авганистан, а талибанците веќе повторно ги земаа на нишан војниците на Бундесверот. Нападот се случи во провинцијата Баглан, јужно од Кундус, која во изминатите години се претвораше се‘ повеќе во опасна зона за Германците.

Бундесверот потврди дека денеска изутрина, околу 10 часот по локално време, врз германските трупи е извршен напад. Портпарол на гувернерот на провинцијата Баглан, изјави дека многу знаци укажуваат дека нападот е извршен со експлозив, поставен на раб на улица: „Странските трупи што се стационирани овде, во Баглан, трганале во насока на регионот Гадеја. Кога стигнале до регионот Амаркел, возилото налетало на бомба поставена на работ на патот. Тоа се информациите што ги добив од безбедносните сили.“

Војници на Бундесверот во Талокан, каде што беше извршен претходниот напад врз германските војнициФотографија: picture alliance/dpa

Според првичните сознанија, станува збор за возило од типот Мардер. Талибанците веднаш презедоа одговорност за нападот. Скриените експлозиви, т.н. ИЕД-експлозиви, се тешко видливи со голо око и затоа тешко се препознаваат во текот на патролите.

Автор: Кај Кистнер/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми