1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повторно се отвора истрагата за авионската несреќа на Трајковски

АТ/ миа/ макфакс 21 јули 2012

На барање на Македонија повторно ќе биде отворена истрагата за авионската несреќа во која загина претседателот Трајковски. Македонските власти тврдат дека имаат нови сознанија за несреќата.

Урнатиот авион на претседателот Трајковски (архива)Фотографија: AP

Македонскиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески од својот босански колега Дамир Хаџиќ побарал потворно отворање истрага за авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски. Министерот Јанакиески, во рамки на вчерашната (20.07) средба во Сараево, му доставил на Хаџиќ документ кој содржи нови сознанија за воздухопловната несреќа на авионот што се случи на 26 февруари 2004 година кај Ротмиље, во близина на Мостар, во која трагично го загубија животот тогашниот македонски претседател Борис Трајковски и неговите соработници. Јанакиевски притоа предложи и формирање мешовита работна група, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски. „Договорено е да се формира заедничка работна група составена од експерти од Република Македонија и Босна и Херцеговина, која до крајот на септември треба да изготви извештај“, информира Министерството за транспорт и врски.

Босанскиот министер за комуникации и сообраќај Хаџиќ го прифатил предлогот, истакнувајќи притоа оти завршувањето на истрагата е во интерес на Босна и Херцеговина, а со тоа и завршувањето на шпекулациите во врска со причините за несреќата.

Сомнежите дека загинувањето на Трајковски не е несреќен случај, туку убиство, ги поттикна швајцарскиот пратеник во Европскиот парламент Андреас Грос. Тој беше и иницијаторот за формирање на анкетната комисија која ги истражува околностите под кои загина претседателот Трајковски.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми