1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повторно се разгорува конфликтот за Нагорно Карабах

БГ/ап/миа5 август 2014

Најмалку 18 војници загинаа во судирот меѓу Азербејџан и Ерменија за спорниот кавкаски регион Нагорно-Карабах. Двете страни се обвинуваат меѓусебно за новата ескалација по речиси 20 годишно затишје.

Фотографија: DW

И покрај повремените оружени инциденти во изминатите 20 години, состојбата во регионот беше релативно мирна откако заврши војната во 1994 година. Во последната серија престрелки кои започнале за време на викендот загинале најмалку 13 азербејџански и петмина ерменски војници.

Нагорно-Карабах, територија која формално му припаѓа на Азербејџан но е со мнозинско ерменско етничко население, е под контрола на ерменските воени сили и на локални воени единици од 1994 година, кога заврши шестгодишната сепаратистичка војна.

Русија, САД, ЕУ и генералниот секретар на ОН изразија загриженост поради новата ескалација и ги повикаа двете страни да го почитуваат прекинот на огнот. Останува нејасно што го предизвика последниот бран насилство.

Претседателите на двете земји се очекува да се сретнат на крајот на неделава во Сочи, Русија, и да имаат и одвоени средби со рускиот претседател Владимир Путин. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Групата Минск на ОБСЕ презема чекори за усвојување документ со политички принципи за решавање на спорот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми