1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повторно суспендирани илјадници полицајци во Турција

СН /дпа,афп,ртр
4 октомври 2016

Еден ден по продолжувањето на вонредната состојба во Турција, продолжија и чистките кои ги спроведува турската влада. Овојпат отпуштени од работа беа илјадници полицајци.

Türkei Polizisten in in Istanbul
Фотографија: Getty Images/AFP/B. Kilic

Дваипол месеци по пропаднатиот обид за воен преврат во Турција беа суспендирани уште 12.800 полицајци. Како што соопшти турската полициска управа тие се осомничени за поврзаност со движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого турските власти го сметаат за главен организатор на обидот за пуч во земјата на 15 јули. Во соопштението  на полициската управа се наведува дека 2.523 од нив биле полициски началници. Во Турција инаку има вкупно околу 250 илјади полициски службеници. Во акцијата за расчистување на државниот апарат од наводни следбеници на Ѓулен, која владата во Анкара ја спроведува по обидот за воен удар на 15 јули, досега од работа беа отпуштени над 100.000 државни службеници, учители, судии, обвинители и други вработени.
Околу 32 илјади луѓе пак се уапсени, меѓу нив и бројни новинари и научници, критички настроени кон турските власти на чело со претседателот Реџеп Таип Ердоган. Критичарите ги обвинуваат властите дека пропаднатиот пуч го користат како изговор за да ги принудат на молк и политичките противници. 
Како што јави турската телевизиска станица ЦНН Турк , министерството за внатрешни работи ја издало последната наредба за отпуштање на полициските следбеници непосредно по продолжувањето на вонредната состојба во земјата. 
Потпретседателот на турската влада Нуман Куртулмус вчера објави дека Турција одлучи да ја продолжи за уште три месеца вонредната состојба воведена по обидот за државен удар . „Одлучивме повторно да ја продолжиме вонредната состојба за уште 90 дена за  да можеме да водиме борба против терористичките организации“, рече Куртулмус.
Вонредната состојба беше воведена на 29 јули, првобитно на три месеца. Продолжувањето стапува на сила на 19 октомври. Турскиот претседател  Ердоган меѓутоа навести дека вонредната состојба би можела да трае и до една година. Само така, истакна тој, можат да се пронајдат и казнат сите одговорни за поддршката на обидот за воен удар во земјата. 

Фетула ЃуленФотографија: picture-alliance/dpa/M. Smith
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми