1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повторување на претседателските избори во Австрија!

ЖА/дпа/ртре1 јули 2016

Австриските претседателски избори мора да бидат повторени на територија на целата земја поради неправилности во пребројувањeто на гласовите, одлучи Уставниот суд по приговорот од десничарската Слободарска партија.

Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Wieser

„Одлуката не го прави никого победник или губитник“, се вели во јавно објавеното образложение на претседателот на Уставниот суд на Австрија, Герхарт Холцингер. Одлуката е во служба на јакнење на довербата во правната држава и во демократијата, сметаат уставните судии. Слободарската партија на Австрија во 150 страници долгата жалба го оспори изборот на претседател на државата по тесниот пораз на својот кандидат Норберт Хофер поради бројни незаконитости во пребројувањето на гласовите.

Независниот кандидат близок до Зелените, Александер Ван дер Белен пред шест недели, во вториот круг од претседателските избори победи со предност од само 31.000 гласови. Пресудни за изборот беа околу 740.000 гласови стигнати преку писма. Новиот претседател требаше идната недела да положи заклетва. Сега должноста на претседател треба привремено да ја преземе тричленото Претседателство на националниот совет, на кое припаѓа и Хофер. Нови избори се очекуваат наесен.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми