1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поголема автономија за бунтовниците во Украина

З. Јордановски /дпа/афп/ртр31 август 2015

Парламентот на Украина го направи првиот чекор во уставната реформа. Силен отпор против реформите - безредија во парламентот, експлозија пред него, еден загинат гардист и десетици ранети.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Украинскиот парламент го направи првиот чекор кон одобрување на проширена автономија на побунетите подрачја на истокот на земјата. И покрај огорчениот отпор од страна на десничарските партии, како и покрај протестите во редовите на владината коалиција, при гласањето сепак за автономијата беа 265 од вкупно 368 пратеници, а неопходен минимум за усвојување на предлогот беа 226 гласови.

Во парламентот и надвор од него денеска се одигруваа хаотични сцени. Пратеници на радикалната партија, коалиционен партнер во владата, прво ја блокираа трибината во парламентот од која претседателот на парламентот ги води седниците, па Владимир Гроисман беше принуден тоа да го прави од говорницата. Пред зградата на парламентот демонстрираа стотици приврзаници на опозициската националистичка партија Свобода. По гласањето, таму дојде до судири со полицијата. Според украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков убиен е еден гардист, а повредени се деведесетина лица, од кои неколкумина - тешко. Според полициски извори, досега има 30-тина уапсени. Десноекстремната партија Сектор ги блокира приодите кон парламентот.

Во парламентот и надвор од него денеска се одигруваа хаотични сцениФотографија: Reuters/V. Ogirenko

„Коленичење пред Путин“

Со уставната реформа, регионалната и комунална самоуправа во источните делови ќе добие поголема власт. Таа, на пример, ќе може да формира сопствена народна милиција, како и сопствени судови за период од три години. Националистите тоа го сметаат за притаено откажување од украинска територија. За дефинитивно воведување на проширена автономија за Луганск и Доњецк, подрачја кои се под контрола на бунтовниците, е нужно уште едно гласање, кога ќе бидат неопходни 300 гласови „за“.

Реформата е еден од клучните елементи на договорот од Минск, со кој треба да се стави крај на крвавите судири меѓу проруските бунтовници и владата во Киев. Претседателот на Украина Петро Порошенко уште за време на викендот се обиде да ги разубеди противниците на законите за автономија, за да го спаси мировниот процес. Не само десничарски и националистички сили ја сметат уставната реформа како коленичење пред рускиот претседател Владимир Путин.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми