1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поголем одзив за гласање во Германија од пред две недели

Силвера Падори-Кленке26 април 2014

До 13 часот во Берлин, Бон и Минхен за идниот претседател гласале 41 процент од пријавените Македонци, додека за пратеник (од Европа) во Собранието се изјасниле 591 граѓанин од евидентираните 2.185 избирачи.

Фотографија: DW/S.Padori-Klenke

Македонската дијаспора во Германија денеска (26.04) гласаше за вториот круг претседателски избори, а истовремено и за претставник од Европа, пратеник во Собранието кој ќе ги претставува интересите на иселeниците. За разлика од пред две недели, кога зa гласање за идниот шеф на државата биле пријавени вкупно 499 лица, за предвремените парламентарни избори во цела Германија биле регистрирани 2.185 граѓани со право на глас. До 13 часот во трите изборни места - во Берлин, Бон и Минхен, одгласот бил поголем од пред две седмици Вкупно гласале 591 лица, што претставува просечна излезеност од 27,32 проценти..

Во Берлин најмногу гласачи имаше околу пладнеФотографија: DW/S.Padori-Klenke

Во Берлин од евидентираните 200 гласачи за претседател, гласале 92, што претставува дури 46 проценти излезеност. Од регистрираните 687 граѓани кои сакале да гласаат за предвремените парламентарни избори, во амбасадата стасале 124 лица, ште е најмала излезеност во споредба со Бон и Минхен. За претседател во Бон гласале 55 (од евидентираните 125 лица – 44 проценти), додека тука е регистрирана и најголемата излезеност за избор на пратеник во Собранието – од пријавените 870 граѓани до 13 часот гласале 300 Македонци (34,48 отсто).

Во дипломатско-конзуларното претставништво во Минхен 174 лица биле пријавени дека ќе гласаат за претседател, а во изборното место на гласање дошле 62-ца (35 проценти). Од евидентираните 628 граѓани кои сакале да гласаат за пратеник во Собранието, до 13 часот се изјасниле 167-мина, што претставува 25,59 проценти.

Текот на гласањето како што дознава ДВ минал мирно. Изборните места ќе бидат затворени во 19 часот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми