1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Погрешен старт на Фон дер Лајен

Макс Хофман
14 октомври 2019

Дезигнираната шефица на Европската комисија нема да може да стапи на функцијата според планираното на 1 ноември, во прв ред поради случајот „Гулар“. Тоа воопшто не ѝ беше потребно, смета Макс Хофман.

Frankreich | Luftshow mit Usula von der Leyen und Emmanuel Macron
Фотографија: Imago Images/PanoramiC/M. Baucher

Францускиот претседател изгледаше навистина збунет, кога во Лион требаше да реагира на отфрлањето на Силви Гулар од страна на Европскиот парламент. Неговата кандидатка за важната позиција на европска комесарка за внатрешниот пазар и одбрана штотуку беше неочекувано јасно јавно критикувана. Урсула фон дер Лајен, рече Емануел Макрон, го уверила дека добила согласност од шефовите на најголемите политички групи во Европскиот парламент за кандидатката Гулар.

Шефовите на социјалдемократите и на конзервативците тоа веднаш го демантираа преку Твитер. Никој не разговарал со нив за Гулар. Од опкружувањето на Лајен можеше само да се чуе дека ниту сака да ги потврди , ниту да ги емантира изјавите на Макрон. Ова води кон само два заклучоци: или Макрон односно претседателите на парламентарните групи не ја говорат вистината, или дезигнираната шефица на Европската комисија не се ни обидела да го истапка патот за француската кандидатка во Европарламентот.

Во секој случај, тука има  вистинска криза на доверба.

Лошите предзнаци беа видливи

Како и да било, Урсула дон фер Лајен не може да продолжи вака. Се разбира, ЕУ е поразновидна и помалку разбирлива од политичката сцена во Берлин, но кој слушаше внимателно, можеше да ги наслушне лошите предзнаци  на заканувачкиот „Гулар Гејт“:

1. Против Французинката се води постапка поради сомнение за злоупотреба на средства од ЕУ. Поради ова, таа дури мораше да го напушти работното место како министер за одбрана на Франција. Зошто тааби била преоптоварена за министерска канцеларија, но не и за местото на еврокомесарка? Немаше задоволителен одговор на ова прашање за европратениците кои држат до себе.

2. Емануел Макрон го понижи Европскиот парламент со неговото отфрлање на таканаречениот принцип „главен кандидат“.  Овој принцип предвидува само главниот кандидат на пратеничката група која ќе победи на европските избори може да стане и шеф на Европската комисија.  Францускиот претседател го игнорираше ова и надвладеја со својот став. Но, одмаздата е оброк  кој се јаде ладен, вели барем една француска поговорка. Ова јадење му беше послужено со отфрлањето на Гулар.

Макс Хофман, автор на коментарот

3. Германецот Манфред Вебер не само што е  шеф на најголемата пратеничка група во Европскиот парламент , туку тој  беше и главен кандидат на конзервативната Европска народна партија (види точка 2), т.е. партијата која исто така припаѓа  и Фон дер Лајен. Макрон од самиот почетокне му даде шанса на официјалниот кандидат и беше предизвикувач на исклучително непријатниот политичка пад на Вебер, кој тој и неговата пратеничка група многу тешко го сварија. Сега, ЕНП  се погрижи за уште еден, исклучително грд политички пад: оној на Силви Гулар. Со тоа, меѓутоа, го запечати и поразот на партиската пријателка, Фон дер Лајен.

На Фон дер Лајен ѝ се потребни сојузници

Отфрлањето на Гулар не е само личен пораз за Емануел Макрон и Урсула фон дер Лајен, туку  носи со себе и проблеми за функционирањето на ЕУ. Бидејќи првично објавениот датум за започнување со работа на новиот состав на Европската комисија - 1 ноември - сега е тешко дека ќе се одржи. Покрај тоа, францускиот претседател зададе и нов удар и  ја веднаш ѝ ја префрли вината на именуваната претседателка на Европската комисија. Тоа беше удар речиси под појасот кој натамшно ќе ѝ го отежни стартот на Фон дер Лaјен.

Но, Урсула фон дер Лајен сега мора да го даде својот придонес за вакви нешта да престанат да се случуваат . Тоа вклучува да ги затрупа рововите ископани со нејзината номинација и градење на вистински издржлив однос со клучните луѓе на Европскиот парламент.Потребни ѝ се сојузници и потребна ѝ е мрежа во Брисел - тоа е само нејзина одговорност. Со подемот на националистите и десничарските популисти во парламентот, обезбедувањето на мнозинството во Европскиот парламент и без тоа   ќе биде сè освен лесно. Таа веќе не може да си дозволи дебакли како овој со Гулар. Со тоа таа веќе сега- уште пред официјалното стапување на функцијата- прокоцка дел од кредитот, кој го имаше кај многумина.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми