1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Погрешен човек во погрешно време на погрешно место?

Фолкер Вагенер/сн4 февруари 2016

Германската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) секогаш имала некои свои, посебни ставови кога станува збор за надворешната политика. Така е и сега, кога нејзиниот претседател Хорст Зехофер оди во посета на Москва.

Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Hoppe

Ретко кога односите меѓу Берлин и Москва биле толку лоши. Дури и внимателниот Франк-Валтер Штајнмајер, германски министер за надворешни работи, во моментов не може ништо да започне во Москва. И среде ова политичко студено време, Хорст Зехофер оди да му направи чест на Путин. И тоа токму тој, најголемиот критичар на Ангела Меркел кога станува збор за политиката кон бегалците. Човекот кој радо поларизира. Погрешен човек во погрешно време на погрешно место?

„Како би можеле денес да го запалиме светот?“ ги прашува тој своите советници, секогаш кога во Германија два до три дена не би се слушнало ништо за Баварија или ЦСУ. Откако стотици илјади бегалци стигнаа во Баварија, тој не мора да се плаши од недостаток на публицитет. Зехофер е најопасен критичар на Меркел, тој веќе со месеци ја бомбардира канцеларката со ултиматуми. Нејзината политика ја смета за погрешна, и тоа не во детали, туку во целост! Тој Москва сака да ја посети како премиер на Баварија, но таму ќе биде примен како претставник на една од трите германски владеачки партии.

Посета на Москва во време на руска пропаганда

Посетата на Зехофер на Москва доаѓа токму во време на офанзива на Кремљ на планот на влијание врз јавното мислење во Германија. Обемното интервју на Путин за таблоидот Билд, уште спаѓа во конвенционални сретства на руската пропаганда. Но, тврдењето дека Лиза, 13-годишно девојче со руско потекло во Берлин ја силувале арапски бегалци, со денови имаше карактеристики на клеветничка кампања против Германија. Со упадливо остри зборови на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на сметка на германското правосудство.

Фотографија: Reuters/F. Bensch

Русија со деснорадикалните мрежи- посебно со партијата АфД и со Пегида- спроведува политика која загрозува подготвеност за прифаќање на бегалците во Германија- вели политичарот од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Родерих Кизеветер. Кизеветер додава оти Москва фалисфикува информации. Тој на радиото Дојчландфунк рукото ангажирање во Сирија го нарече „хибридно водење војна“ кое само го забрзува движењето на бегалците во правец на Европа. Имајќи го тоа предвид, посетата на Зехофер на Москва е грешка.

Уште на почетокот на кризата во Сирија, ЦСУ се залагаше за потесна соработка со Русија. Без Путин, не може да се контролира ситуацијата во Сирија, рече Зехофер уште во септември. Неговото разбирање за Русија и неговиот фронт против политиката на Меркел во рамки на берлинската коалиција, на Путин му доаѓаат добро. Тој сака да посее семе на раздор во Германија и во ЕУ- во тоа е сигурен политичарот од ЦДУ (инаку сестринска партија на ЦСУ) Кизеветер.

Цел на Путин и Зехофер- крај на санкциите против Русија

Освен тоа, Путин и Зехофер имаат заеднички интерес: крај за економските санкции на ЕУ против Русија. Брисел по анексијата на Крим замрзна дел од трговијата со Русија. Санкциите повеќепати беа продолжувани. Москва реагираше со контрасанкции на голем дел од аграрните прозиводи од ЕУ. Нивните последици ги почувствуваа и баварските земјоделци. Зехофер се гледа себеси како претставник на интересите на домашната економија, со јасна порака. Средните претпријатија, индустријата и трговијата сакаат што побрзо да влезат во бизнис. Франција пред неколку дена испрати важен сигнал. Цел е, како што тоа за време на посетата на Москва го кажа францускиот министер за економија, Емануел Макрон, „наредното лето да се укинат санкциите“. Секако, само ако Москва ги исполни обврските преземени со потпишување на договорот од Минск. Но, слогата во ЕУ кога станува збор за притисокот врз Москва сега може да биде нарушена поради економските интереси на поединци. Тоа му оди од рака на Путин. Прашање е каков акцент ќе и’ даде Зехофер на својата посета. Дали оди во Москва како политичар задолжен за надворешни работи и индиректен член на берлинската коалициска влада или како претставник на баварската економија?

Баварска надворешна политика- ново откритие

ЦСУ и нејзината надворешна политика отсекогаш биле нешто специјално. Великаните на партијата Франц- Јозеф Штраус и Едмунд Штојбер секогаш беа подготвени да направат збрка во Берлин. Легендарна е „надворешната политика според сопствени мерила“ на Фран-Јозеф Штраус. Во 1983 година, тој на раководството на Германската Демократска Република му вети кредит вреден милијарди, поради што жестоко беше критикуван дури и во сопствената ЦСУ. И редовните контакти со Јужноафрикансјата република во периодот на апартхејдот, посебно за време на претседателот Питер Вилем Бота, или со Парагвај за време на диктаторот Алфред Штреснер претставуваат примери на речиси демонстративна баварска посебност на планот на надворешната политика.

Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Nikolskyi

Затоа не зачудува што Зехофер се гледа себеси како дел од таа традиција и што уште во 2014 година се фалеше со своите 32 патувања во странство (беше на сите континенти освен во Австралија). Притоа секогаш беше концентриран на економските интереси на претпријатијата од Баварија. Но, големиот број бегалци создаде нови темели за аргументите во прилог на баварските амбиции на надворешно политички план. Откако бегалците во Баварија стапија на германско тло, Баварската внатрешна политика стана релевантна и на сојузно ниво но и на надворешно политички план. Тоа е новина.

Останува прашањето што точно се договорил Зехофер со Меркел пред полетувањето за Москва. Во Русија западните политичари се на лош глас. Меркел е исклучок. Нејзината разумност, нејзината цврстина, нејзините челични нерви, се почитуваат. Дали Зехофер, емотивниот човек им е дораснат на Путиновите обиди за искористување? Тоа ќе биде решавачко за тоа дали оваа посета ќе остане белешка од историјата или дополнително ќе ја оптовари и онака кревката берлинска коалиција.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми