1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Подбуцнувачки тонови во предизборна кампања во Австрија

Јерг Пас15 јануари 2008

Во предизборната трка, десничарската Слободарска партија на Австрија (FPÖ) ја користи секоја шанса, да ги дискриминира странците или религиите. Говорот на една комунална политичарка најверојатно ќе има и првни последици.

Политичарката Сузане ВинтерФотографија: picture-alliance/ dpa

В недела ќе се одржат локални избори во Грац, вториот град по големина во Австрија. Партиите го започнаа финишот на предизборната кампања, меѓу нив и Слободарската партија на Австрија (FPÖ), крајно десничарски настроена, која со освоени 13 проценти на изборите за Националниот совет во 2006 година секако не е маргинална.

Кандидат на Слободарската партија на Австрија во Грац е Сузане Винтер.Таа е дипломиран правник и мисли дека знае како се мобилизираат гласачи. И навистина: 3000 слушатели аплаудираат, додека таа од говорницата грми дека Грац е конфронтиран со исламско доселеничко цунами. Местото на исламот е зад Средоземното Море, а пророкот Мохамед е војсководец кој го напишал Коранот додека имал епилептични напади, вели Винтер и додава „На 50-годишна возраст Мохамед се оженил со 6-годишно девојче. Според денешниот систем истиот тој Мохамед е педофил“

Јавното обвинителство на Грац со истрага против Винтер

Политичките противници се вчудоневидени. Но Сузане Винтер во интервју за еден весник отиде уште чекор понатаму – злоупотребата на деца од страна на исламските мажи е широко распространета. Според неа вакви изјави немаат врска со поттикнување нетрпеливост меѓу народите. Јавното обвинителство во Грац мисли поинаку и отвори истрага против неа.

Портпаролот на обвинителството изјави: „Постои сомнение за кривично дело поттикнување на нетрпеливост меѓу народите. За тоа е предвидена казна до две години затвор.“

Поддршка од шефот на партијата

Сузане Винтер доби поддршка од лидерот на нејзината партија Хајнц – Кристијан Штрахе „Дали она што таа го кажа е точно или не? Она што таа го кажа е можеби малку грубо формулирано. Но јас никому не му оспорувам сопствено мислење.“

Инаку и самиот тој и се обрати на публиката со популистички пароли: „Доколку драги Австријци сакате да обезбедите еден христијански Запад и не сакате да ја промените во една муслиманска Европа, тогаш морате слободарски да гласате на изборите, оти само ние сме подготвени да го обезбедиме тоа.“

Слични средства кориси и Хајдер

До големиот раскол пред три години Јерг Хајдер беше силниот човек во партијата. Во меѓувреме тој формира нова партија - Сојуз за иднината на Австрија. И Хајдер се бори за гласови во Грац и користи слични средства: „ Со Господ напомош - Ве поздравувам вака оти уште можам така да кажам, а не морам да речам Алах е голем.“

И Хајдер грми против злоупотребата на правото на азил и наводната закана за Австрија од страна на исламот: „Се додека во исламските држави убиваат луѓе кои сакаат да изградат христијански цркви, ние немаме воопшто никаква причина ним да им ја отвориме вратата и да им дадеме шанси овде во Европа.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми