1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поддршка за членство во НАТО

Милчо Јовановски9 октомври 2008

Македонија уште еднаш доби силна подршка од САД за влез во НАТО и ЕУ. Од Охрид државниот секретар за одбрана на САД , Роберт Гејтс потврди - за влезот на Македонија во НАТО треба целосна согласност.

Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс и македонскиот, Зоран КоњановскиФотографија: MIA

На маргините од дводневниот собир на министрите за одбрана на земјите од Југоисточна Европа, грчкиот министер за одбрана Меимаракис изјави дека цврсто верува во изнаоѓање брз компромис за спорот со името, со избор на взаемно прифатливо решение.

Тој верува дека Грција ги има направено потребните чекори напред, изјави министерот Меимаракис.

Атина покажа добра волја за да се најде на половина пат, доколку Македонија ја покаже својата подготвеност да го симнеме од дневен ред прашањето за името, тогаш за неа се отвора патот да стане полноправна членка во меѓународните организации, изјави пред новинарите Меимаракис.

Собирот на министрите за одбрана во ОхридФотографија: AP

Спорот за името се влече повеќе години, но тоа не пречеше тој да дојде во земјата која е грчки партнер, изјави министерот. Тука многу грчки бизнисмени го вложуваат својот капитал. Ние се чуствуваме добро кога ќе дојдеме кај вас, без разлика на спорот со името. изјави Меимаракис.

Македонскиот министер за одбрана, Зоран Коњаноски, рече дека Македонија е целосно конструктивна. Мора да се знае дека тое е национален приоритет и Македонија ќе направи се‘ што е можно наскоро да им се придружиме на двете земји, Албанија и Хрватска, кои веќе ја добија поканата за влез во НАТО.

Како што се дознава, станало збор за признавањето на Косово, особено од страна на земјите кои досега не го сториле тоа.

Во Охрид беа присутни и делегациите од Србија, Црна Гора, Молдавија и Грузија.

На Десетата средба се дискутираше и за СИБРИГ, бригадата за брза интервенција и евентулното нејзино проширување. Догодина домаќин на министрите за одбрана ќе биде Бугарија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми