1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поддршка на претседателските амбиции на Ердоган

ЖА/ртре/миа15 јуни 2012

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган доби поттик од страна на Уставниот суд на земјата во амбициите да стане шеф на државата.

Фотографија: dapd

Уставниот суд на Турција го отфрли барањето на опозицијата за ставање крај на функцијата претседател за Абдула Ѓул во август, со што се отстрани заканата пред претседателските амбиции на премиерот Реџеп Таип Ердоган, соопшти претставник на судот.

Судот донесе пресуда во полза на поддржаниот закон од странаа на Владата, кој беше изгласан од Парламентот во јануари оваа година. Тој предвидува Ѓул да го заврши седумгодишниот мандат, кој истекува во 2014. година, кога се очекува Ердоган да се кандидира за шеф на државата, но откако би вовела претседателска форма на управување со уставни промени, со што би се заменил сегашниот парламентарен систем предводен од премиер.

Противниците на таков систем стравуваат дека тоа уште повеќе ќе ја зајакне доминацијата на Ердоган врз Турција.

„Судот, исто така, утврди дека Ѓул би можел да биде реизбран откако ќе му истече мандатот“, истакна на прес-конференција заменик генералниот секретар на Уставниот суд Ахмет Киртепе.

Сегашната функција претседател е претежно церемонијална, независно од тоа што претседателот ги одобрува законите од Парламентот и врши назначувања во судскиот систем и образованието.

Од првите денови Ѓул имаше сомненија дали тој ќе има петгодишен или седумгодишен мандат и опозицијата сега сака да анулира закон донесен во јануари, со кој неговиот мандат треба да заврши во 2014. година.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми