Поддршка од Вулф за Авганистан
16 октомври 2011Германскиот претседател Кристијан Вулф порача дека неговата земја ќе продолжи да го поддржува Авганистан и по заминувањето на сојузничките трупи од земјата. Вулф денеска пристигна во ненадејна посета на Кабул на разговори со претседателот Хамид Карзаи и претставници на организации за заштита на човекови права.
„Дојдов во Авганистан за јасно да порачам: Германија нема да го остави Авганистан“, рече Вулф.
„Ќе останеме близок и траен пријател и партнер на Авганистан по предавањето на командата над безбедноста во 2014 година“.
За декември годинава во Бон е планирана голема конференција посветена на Авганистан, и дел од агендата на Вулф е да се подготви за тој состанок.
Германија има околу 5 илјади трупи како дел од сојузничката мисија во Авганистан, но мисијата ужива многу мала популарност во Германија.
Вкупно 52 германски војници ги загубија животите досега во Авганистан.
Автор: БГ/афп
Редактор: Александра Трајковска